ГЕРМАНСКИОТ АМБАСАДОР ВО ПОСЕТА НА УКЛО

10.10.2018

На 10 октомври 2018 година, Амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Македонија, НЕ г-динот Томас Норберт Герберих го посети Универзитетот „Св Климент Охридски“- Битола. Во пријатна атмосфера, со својот  домаќин, Ректорот, проф. д-р Сашо Коруноски, тие разменија информации за соработката помеѓу УКЛО и германските универзитети, како и соработката со различните германски фондации, асоцијации.

И двајцата соговорници се сложија дека станува збор за една континуирана соработка којашто бележи позитивни искуства и резултати. Но, исто така се сложија дека секогаш може подобро и повеќе. Особено во академските и научно-истражувачките соработки кадешто има интересни перспективи. Во овој контекст германскиот Амбасадор се интересираше за структурата на Универзитетот, приоритетите во развојот и уште еднаш ја потврди секогаш присутната поддршка од Амбасадата за одржување на постоечките и за развивање нови форми на соработка.

Ректорот Коруновски  ја спомна престојната научна конференција која се одржува со поддршка на Фондацијата Хајнц Зајдел, а како примери на позитивни практики ги спомена соработките со универзитетите во Бамберг и Еберсвалде.

УКЛО во своето досегашно постоење има потпишано четири билатерални договори и дополнителни пет Еразмус+ интеринституционални договори со германски универзитети.


Scroll to Top