Универзитетски спорт Екипата во мал фудбал-жени од УКЛО, учесник на државен настан

26.09.2018

На манифестацијата „Европска недела на спортот во Македонија“ студенти од УКЛО одиграа ревијален натпревар во мал фудбал-жени, со екипа од УКИМ.

Станува збор за прво позначајно одмерување на силите од страна на екипта од УКЛО, што на настанот му дава дополнителна вредност.

Натпреварот беше во насока на унапредување и промоција на женскиот фудбал на универзитетско ниво. Манифестацијата се  одржа во спортската сала „Кале“ во Скопје, на 25 септември 2018 година, во организација на Агенцијата за млади и спорт и Универзитетската Спортска Федерација на Македонија.


Scroll to Top