АУФ – ГРАНТОВИ ЗА ТРИМЕСЕЧНИ ДОКТОРСКИ И ПОСТДОКТОРСКИ СТИПЕНДИИ

19.09.2018

Универзитетската агенција за Франкофонија за Централна и Источна Европа (АУФ) чијашто членка од неодамна е и нашиот Универзитет отвори Повик  за аплицирање за докторски и постдокторски грантови за тримесечни истражувачки престои  во рамките на програмата „Ежен Јонеско“ 2018-2019.

Повеќе информации на сајтот на Агенцијата

https://www.auf.org/europe-centrale-orientale/nouvelles/appels-a-candidatures/bourses-de-recherche-doctorale-postdoctorale-eugen-ionescu-2018-2019/

 

Краен рок за аплицирање : 4 ноември 2018.

 

Кандидати : докторанти, академски и истражувачки кадри од сите дисциплини кои се дел од Универзитет што е во мрежата на АУФ кои имаат желба да реализираат стаж во траење од 3 месеци во Романија, во еден од 25 универзитетски центри што се на располагање за прием на стипендисти.

Период на мобилност : од март до јули 2019.

Грантот опфаќа:

* месечен износ од 1000 EUR за кандидати постдокторанти /800 EUR за докторанти

* патни трошоци

* здравствено осигурување

Списокот на универзитетските центри е составен дел на повикот.Во однос на темите, тие се индикативни за потенцијалните кандидати, но тие може исто така самите да предложат теми за истражување.

Во таков случај, потребно е да остварат комуникација со контакт лице по нивен избор.


Scroll to Top