Известување за поставени ПОС терминали
23.08.2018
Почитувани сегашни и идни студенти на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола
Ве известуваме дека на факултетите и Високата медицинска школа на Универзитетот се поставени ПОС терминали преку кои ќе може да се вршат сите уплати за обврски кон факултетот/школата и Универзитетот.
Искористете ја можноста за безготовинско плаќање и искористете ги поволностите кои ви ги нуди типот на кредитната картичка со која ќе го вршите уплаќањето.