УКЛО - најнова членка на Универзитетската Франкофонска агенција

16.07.2018

Со одлука на Управниот одбор на Универзитетската Франкофонска агенција од 18 мај 2018, се прифати кандидатурата и Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола стана членка на АУФ.

Со ова, најново, меѓународно членство, Универзитетот добива пристап до светската мрежа на универзитети членки, високообразовни и научно-истражувачки  установи  и франкофонски истражувачи и може да учествува во проекти од АУФ и да добие поддршка во подготовката на проекти. Всушност, студентите, академскиот и истражувачкиот кадар ќе имаат можност да учествуваат на различните повици и конкурси организирани од АУФ, а особено оние што се однесуваат на мобилностите, притоа ќе може да се развиваат нови партнерства и да се користат средствата за комуникација со кои располага АУФ за промоција на УКЛО. Покрај тоа, на располагање на УКЛО ќе бидат сите алатки и педагошки ресурси коишто ги фаворизираат ИК технологиите во наставата  и истражувањето, а кои ќе се адаптираат кон регионалните контексти и потреби.


Scroll to Top