УСВОЕН СТАТУТОТ НА УКЛО

11.07.2018

На 162. седница на Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола усвоен е Статутот на УКЛО.

Постапката за нов Статут на УКЛО, усогласен со Законот за високото образование, е спроведена  низ утврдена процедура. Зголемената динамика на органите и телата на УКЛО се остваруваше низ изготвена агенда и утврден тајминг на активности. По утврдување на Нацрт – Статутот, спроведена е јавна расправа на единиците на УКЛО и можност да изнесат свои предлози и мислења. По ова, Комисијата за нормативна дејност го прифати Предлог-Статут на УКЛО, што е утврден од Ректорската управа и усвоен од Сенатот на 10.07.2018 година.

По усвојувањето, Статутот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола во предвидениот рок се доставува до Собранието на Република Македонија кое со Одлука дава согласност на Статутот.

Ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски истакнува дека усвојувањето на Статутот  е особено важно за УКЛО, затоа што го дефинира работењето на Универзитетот во сите негови домени и целосно е сообразен со новиот Закон за високото образование. Ректорот им се заблагодари на сите учесници за конструктивната расправа, предлозите и решенијата што произлегуваат од академската заедница на УКЛО, со што се обезбедува вистинска рамка за функционирање на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и се отвораат перспективи за неговиот понатамошен развој.


Scroll to Top