Студенти од Царинската академија на Руската Федерација во посета на УКЛО

26.06.2018

На 26.06.2018 година во Ректоратот на УКЛО, одржан е прием на студенти од Царинската академија на Руската Федерација, гости на размена на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид.

На средбата присуствуваа и академски кадри од ФТУ заедно со деканот, проф. д-р Цветко Андреески,продеканот, проф.д-р Александар Трајков кои во својство на домаќини организираа богата еднонеделна агенда за студентите на размена од Руската Федерација.

На средбата, ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски истакна дека: „ соработката со Руската Царинска академија се развива во повеќе насоки. Неодамна, под покровителство на Светската царинска организација студенти од УКЛO зедоа учество на светскиот натпревар Московски модел, што претставува огромно искуство за студентите, во функција на нивно подготвување за една од најпредизвикувачките професии во доменот на  царинско - шпедитерско работење.Во оваа смисла,  Факултетот за туризам при УКЛО е единствен факултет  во Македонија што нуди едукација за ова занимање“.

Инаку, кон крајот на минатата година, ректорот на УКЛО Коруновски при посетата на Руската Царинска академија, со неговиот колега, проф. д-р Владимир Мантусов потпишаа договор за соработка помеѓу институциите, со што се отворија можностите за размена на искуства, наставен кадар и студенти помеѓу двете институции.

Присуството  на студентите гости е уште една потврда дека интересот за соработка е взаемен и  дека активно се остварува.


Scroll to Top