УКЛО учесник во големата научна Конференција Заштитата на неборците од Македонскиот фронт во Првата светска војна до денес

01.06.2018

Во рамки на Комеморацијата на стогодишнината од Македонскиот фронт во Првата светска војна,  на 31 мај и 1 јуни 2018 година, во хотел Епинал, се одржа  научна Конференција на тема: „Заштитата на неборците од Македонскиот фронт во Првата светска војна до денес“.

На Конференцијата учествуваа бројни експерти и интелeктуалци од Франција, Македонија и Регионот.

УКЛО со академски кадар и студенти од Правниот факултет активно и продуктивно партиципираше на  научниот настан. На овој начин,  УКЛО се вклучи во чествувањето на стогодишнината од Македонскиот фронт во Првата светска војна и ја покажа подготвеноста да едуцира кадри кои имаат почит кон културното и духовно наследство и воедно да ги промовира вредностите на зближување, пријателство и соработка.

Конференцијата е организирана од Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје.


Scroll to Top