ГОЛЕМ УСПЕХ ЗА УКЛО НА ДРЖАВНИОТ ОРАТОРСКИ НАТПРЕВАР

10.05.2018

Студентите Снежана Секуловска од Правниот факултет и Ирена Димовска - Митревска од Педагошкиот факултет од УКЛО се наградени со второ и трето место на Ораторскиот натпревар организиран по повод Денот на Европа - 9 Мај.

Tрадиционалнниот настан се одржа во рамки на Студентскиот собир што ги обединува студентите од сите универзитети во државата. Тие дебатираа и ги одмеруваа ораторските вештини на тема: „Мојата порака до Европа“.

Ова значајно случување и дружење на студентите од Република Македонија годинава се одржа на Американ Колеџ, во организација на Европското движење во Република Македонија.

УКЛО првпат освојува две од вкупно три ораторски награди и во два наврати беше успешен домаќин на манифестацијата Собир на студентите од универзитетите во Република Македонија.

УКЛО и овој пат доби пофалби за сериозниот академски и организациски придонес како активен чинител на настан по повод Денот на Европа и за  покажаната подготвеност да учествува на манифестации што ја обединуваат Европа, ги негуваат мирољубивоста и демократските вредности.


Scroll to Top