ПОВИК Програма ERASMUS+ Академска 2018/2019

02.05.2018

Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола

 

ПОВИК

Програма ERASMUS+

Академска 2018/2019

 

Врз основа на повикот за предлог-проекти за 2018 година во рамките на Програмата Еразмус+ на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност,

 

УКЛО објавува

Повик

за мобилност

во рамките на Е+ Програмата

KA 1: индивидуална мобилност за учење, Сектор: високо образование:

 

- мобилност на студенти за студирање

- мобилност на студенти за стажирање

- мобилност на академски кадар за настава

- мобилност на академски кадар за обука

 

Времетраење на мобилноста

  1. Студенти – за студирање: еден семестар или една академска година (студентите може да реализираат мобилност од вкупно 12 месеци по циклус)

  2. Студенти – за стажирање: 2 – 12 месеци

  3. Кадри – пет работни денови (со минимум осум часови настава)

За академската 2018/2019, мобилноста може да се реализира во периодот од 01/06/2018 до 30/09/2019.

 

Во согласност со потпишаните Е+ интеринституционални договори со партнерски институции од програмските земји, право на пријавување имаат:

  • редовни студенти на прв циклус (со запишан најмалку трет семестар во моментот на започнување на  мобилноста), втор или трет циклус, за мобилност за студирање, а за стажирање и студенти што дипломирале во годината на објавување на Повикот

  • академски кадри во редовен работен однос на УКЛО.

Студентите и кадрите се пријавуваат за мобилност исклучиво врз основа на договорите потпишани од нивните матични институции (линк: http://uklo.edu.mk/tabs/view/8357e8a193dadee0d26be78b0d63251e).

 

Важно: пред пријавување

  • Студентите заинтересирани за мобилност должни се, во соработка со Еразмус+ координаторот, да ги проучат и споредат студиските програми на матичниот и на странскиот универзитет и да се договорат за предметите што би можеле да ги слушаат и полагаат на странскиот универзитет.  

Потребни документи за пријавување на студенти

  • Пополнет формулар за пријавување

  • Потврда за редовен студент

  • Уверение за положени испити

  • CV (Europass формат)

  • Мотивационо писмо

Потребни документи за пријавување на наставни кадри

  • Пополнет формулар за пријавување

  • Потврда за редовен работен однос

  • CV (Europass формат)

Сите документи се достапни на веб страната на Универзитетот www.uklo.edu.mk во делот Меѓународна соработка/Еразмус+.

 

Рок за пријавување/доставување документи до Е+ координаторот на факултетот: 04/06/2018

Рок за доставување на апликациите до Канцеларијата за МС: 07/06/2018

 

Канцеларија за меѓународна соработка

Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола


Scroll to Top