Работно одбележан Денот на УКЛО

27.04.2018

Одржан WINWIN Форум, Форум за соработка на Универзитетот со работодавачите за поквалитетни и поатрактивни студиски програми

Во рамки на работното одбележување на  Денот на основањето на УКЛО, на 27 април 2018 година се одржа Форум за соработка на Универзитетот со работодавачите за поквалитетни и поатрактивни студиски програми со наслов  WIN – WIN Форум.

Стотината учесници меѓу кои истакнати работодавачи, студенти и претставници од единиците  на Универзитот, ги поздрави  проректорот за настава, проф. д-р Марјан Ангелески. Во своето обраќање тој се осврна  кон значењето на Форумот: на едно место да се вкрстат понудата и побарувачката, да се идентификуваат потребните знаења и компетенции кои ги очекуваат работодавачит, со цел академска заедница да ги прилагоди студиските и предметните програми на пазарот на труд.

Во рамки на Свечената седница на Сенатот, ректорот проф. д-р Сашо Коруновски во поздравната реч се осврна кон успешно изминатиот процес на надворешна евалуација и кон  други активности со кои УКЛО се фокусира кон процесите на обезбедување квалитет, меѓу кои и Форумот како еден од начините преку кои Универзитетот се обидува на најдобар можен начин да се справува со  новите предизвици.

Присутните сенатори и гости меѓу кои градоначалниците на Битола и Прилеп: Наташа Петровска и Илија Јованоски, како  и почесниот доктор на науки на УКЛО, Тома Фила, имаа можност да ги проследат презентациите од итакнати претставници на работодавачите: Глигор Бишев, Генерален директор на Шпаркасе банка, Симон Наумоски, Претседател на Одборот на директори на Витаминка - Прилеп и Бранко Азески, Претседател на Стопанската комора на Република Македонија.

Настанот е заокружен со презентирање на Заклучоци и Препораки произлезени од WIN – WIN Форум со што УКЛО го надоградува постоечкиот линк меѓу работодавачите и Универзитетот и  ги антиципира потребите на пазарот на труд, во духот на новото време.


Scroll to Top