WIN – WIN Форум на УКЛО

26.04.2018

Форум за соработка на Универзитетот со работодавачите за поквалитетни и поатрактивни студиски програми

Во рамки на работното одбележување на  Денот на основањето на УКЛО, на 27 април 2018 година  ќе се одржи Форум за соработка на Универзитетот со работодавачите за поквалитетни и поатрактивни студиски програми, со наслов  WIN – WIN форум.

На едно место, стотина учесници ќе ги идентификуваат потребните знаења и компетенции што ги очекуваат работодавачите, со цел академската заедница да ги прилагоди студиските и предметните програми на пазарот на труд.

Во вториот дел од настанот, а во рамки на Свечената седница на Сенатот, поздравна реч ќе одржи ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски. Присутните ќе имаат можност  да проследат презентации од истакнати претставници на работодавачите: Марија Јорданова Илијеска, Регионален директор на Шпаркасе банка, Симон Наумоски, Претседател на Одборот на директори на Витаминка и Бранко Азески, Претседател на Стопанската комора на Република Македонија.

Настанот ќе биде заокружен со презентирање на Заклучоци и Препораки произлезени од WIN – WIN Форумот.


Scroll to Top