ОДРЖАН УКЛО ТРИВИУМ

25.04.2018

Петнаесет студенти од неколку единици на УКЛО учествуваа на третиот по ред натпревар во ораторство УКЛО ТРИВИУМ, на тема: Quo vadis, студенту?  Правата на студентите во 21 – от век!

За најдобри оратори прогласени се студентите: Снежана Секуловска од Правниот факултет, прво место, Ирена Митревска Димовска, од Педагошкиот факултет, второ место и Сара Димеска, од Економскиот факултет, трето место.  

Тројцата најдобри оратори ќе го претставуваат УКЛО на Собирот на македонските универзитети. За покажаните говорнички вештини и умешност, покрај дипломи УКЛО им доделува и парични награди.

Инаку, присутните студенти, професори и гости од името на УКЛО и ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски ги поздрави проректорката проф. д-р Виолета Маневска. Таа по повод пригодата истакна дека со Тривиумот УКЛО воспоставува една суптилна, модерна нишка со младите, за нивните права, потреби, нивните мислења и ставови и дека УКЛО ТРИВИУМ е  можност студентите да го заземат своето централно место, клучното место што им припаѓа како во Универзитетот, така  и во општеството.

ТРИВИУМОТ од страна на УКЛО се оценува и како одлична можност студентите да ги подобруваат вештините за јавно говорење, аргументирано и стилско изразување.

Настанот тардиционално се одржува во рамки на одбележување на Денот на основањето на УКЛО, 25 април.


Scroll to Top