Светска недела на КРЕАТИВНОСТ И ИНОВАТИВНОСТ

18.04.2018

Во рамките на одбележување на светската недела на КРЕАТИВНОСТ И ИНОВАТИВНОСТ која се одржува секоја година во периодот од  15 април до 21 април, и се одбележува на најразлични начини и преку најразлични содржини насекаде низ светот, оваа година се приклучува и Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола познат под акронимот УКЛО.

Имено, Центарот за развој на Кариера, Алумни и Доживотно учење-КРЕДО ЦЕНТАРОТ при УКЛО во соработка со Центарот за образовни и развојни иницијативи ИНОВА ЛАБ Битола, на 20-ти април 2018 година со почеток во 13.30 h,  ќе одржи работилница за креативно и иновативно размислување насловена како „Ајде да бидеме креативни“.

Работилницата ќе се одржи во просториите на КРЕДО ЦЕНТАРОТ при УКЛО, кој е сместен на I кат во Правниот факултет-Битола - комплекс  поранешни касарни-Битола.


Scroll to Top