ЦРНОГОРСКИОТ АМБАСАДОР ВО ПОСЕТА НА УКЛО

14.03.2018

Амбасадорот на Црна Гора, НЕ господинот Предраг Мирковиќ, придружуван од своите соработници, на 14 март 2018 година го посети Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Во пријатната едночасовна средба со ректорот, проф. д-р Сашо  Коруновски, стана збор за повеќе позитивни искуства од досегашната академска соработка, но и за правците и можностите за продлабочена  соработка во иднина.

Она што е, и треба да биде  заедничко настојување, според соговорниците, се иницијативите за зближување, поврзување, студентски и академски размени и, особено, за учество во заеднички проектни соработки за кои би можело да се добие поддршка во рамките на европските програми, фондови и фондации.

Амбасадорот Мирковиќ вети дека ќе се заложи за продолжување на потпишаниот билатерален договор помеѓу УКЛО и Универзитетот во Подгорица.

По повод оваа прва посета, ректорот и Амбасадорот разменија и пригодни подароци.


Scroll to Top