УКЛО со поддршка на првиот Македонско-Израелски хакатон

13.03.2018

Хакатонот со акроним BIТALON, инаку ницијатива на НЕ г-динот Дан Ориан, нерезидентен амбасадор на Израел во Република Македонија е поддржан од  Министерството за информатичко општество и администрација на РМ, Фондот за иновации, Општината Битола, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола и Центарот за Култура - Битола, а се реализира во организација на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола.

Со 111 учесници, 25 ментори и 15 судии од Македонија и Израел настанот го доби заслуженото значење. Истовремено претставуваше можност за актуелни но и веќе дипломирани студенти од ФИКТ – Битола да забележат активно учество за што на сите студенти-волонтери свечено им беа доделени благодарници.

Нашите студенти се стекнаа со учество во  вториот круг од натпреварот и своите решенија на зададената тема - Kултурното наследство на Евреите,  на 12 март ги презентираа пред   стручно жири во Скопје. За првонаградените тимови следи престижна награда - студиска посета, спонзорирана од израелскиот амабасадор на врвни акцелератори во Израел.

Ректорот Коруновски со соработниците го посети овој интересен настан.


Scroll to Top