АМБАСАДОРОТ ЖБОГАР ВО ПОСЕТА НА УСПЕШНИТЕ ПРОЕКТНИ РЕАЛИЗАЦИИ НА УКЛО

26.01.2018

АМБАСАДОРОТ ЖБОГАР ВО ПОСЕТА НА УСПЕШНИТЕ ПРОЕКТНИ РЕАЛИЗАЦИИ НА УКЛО

 

ЕУ Амбасадорот во Република Македонија, НЕ г-динот Самуел Жбогар во рамките на својата званична посета на Битола како дел од проектот „ЕУ за ТЕБЕ“ ги посети и се запозна со две успешни проектни реализации на УКЛО.

Станува збор за IPA проекти за Прекугранична соработка  помеѓу Република Македонија и Република Грција селектирани и реализирани во рамките на двата претходни повици во коишто Универзитетот односно Високата медицинска школа имаше водечка и координативна улога во однос на бројните партнери од опкружувањето односно локалната заедница што е во основата на оваа европска програма за соработка.

Амбасадорот Жбогар се запозна со успешно завршениот Проектот  со акроним  ЕСС - EARLY CHILDHOOD CARЕ Обезбедување предучилишни алтернативни услуги чијашто основна цел е Зголемување на ресурсите на локални граѓански организации заради обезбедување алтернативнии услуги за образование во раното детство за најмаргининализираните деца на предучилишна возраст од руралните и оддалечените области.

Со ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски средбата се реализираше во универзитетската лабораторија за матично ракување и манипулација со матични клетки којашто е најзначајната проектна придобивка од проектот со акроним REMEDIC односно  Cross border stem cell regenerative medicine center/ Меѓуграничен центар за регенеративна медицина со матични клетки.

Разговорот со Амбасадорот Жбогар беше прилика ректорот Коруновски да го  запознае и со актуелните проекти во рамите на ИПА програмата, нивното значење за отворање на УКЛО кон надворешниот, локалниот и регионалниот контекст, како и со проблемите и предизвиците што се дел од секоја проектна соработка.


Scroll to Top