Средба на ректорот со Министерот за локална самоуправа

11.01.2018

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу придружуван од  Мјелма Мехмети Петерсен, државен советник за евроинтеграции, како и  Аднан Емини, претставникот на Заедничкиот Секретаријат на ИПА програмата, го посетија Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Во пријатниот едночасовен разговор со ректорот проф. д-р Сашо Коруновски и проректорката за наука проф. д-р Елизабета Бахтовска беа разменети искуства околу проектната соработка во рамките на неколку европски програми за соработка. Акцентот се стави на проектите од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Македонија и Р. Грција  за периодот 2014-2020 година во којашто УКЛО, односно единиците во неговиот состав  учествуваат со шест проектни апликации. Исто така стана збор и за двете одобрени проектни апликации во рамките на првиот повик на новата, БалканМед програма.

Средбата беше можност за размена на многу корисни информации во врска со овие значајни европски програми.


Scroll to Top