Одржани универзитетски турнири во пинг – понг и пикадо

04.12.2017

По повод Патронатот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на 04.12.2017 година во спортската сала „Павел Шатев“ во Битола, одржани се турнири во пинг -понг и пикадо за студенти на УКЛО на прв и втор циклус студии.

Во традиционалниот турнир во пинг – понг  најдобропласирани се студентите:

Лашкоски Андреј – Факултет за информатички и комуникациски технологии

Апостолоски Марио – Економски факултет – Прилеп

Клечкароски Бојан – Факултет за биотехнички науки – Битола

 

На турнирот во пикадо, што на УКЛО се реализира прв пат, најдобропласирани се студентите:

Александар Жоглев, Правен факултет – Битола

Мицакоски Антонио, Висока медицинска школа – Битола

Илиевски Благојче, Факултет за биотехнички науки – Битола

 

Пехари и медали за освоените места на најдобрите учесници во двете категории ги додели ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски. 

Универзитетскиот турнир во пинг - понг и пикадо  предизвикаа голем интерес кај студентите, за што говори и учеството на стотината учесници во двете категории. 


Scroll to Top