Интерна Конференција УКЛО21-УИК

29.09.2017

На тема „Науката на УКЛО - искуства и перспективи“ УКЛО од 29-30 септември 2017 година одржува интерна Конференција УКЛО21-УИК.

Проректорот за наука на УКЛО, проф. д-р Елизабета Бахтовска нагласи дека УКЛО21-УИК претставува нова иницијатива на УКЛО за одржување годишни конференции и собири чија основна цел е квалитативно и квантитативно подобрување на научно-истражувачката и проектната активност на универзитетот и зголемување на меѓусебната доверба помеѓу академските кадри на УКЛО.

Конференцијата ја отвори ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски. Во своето обраќање тој се осврна на неколку важни моменти кои и даваат посебно значење и важност на Конференцијата. Во време на големи промени, главен предизвик за УКЛО покрај основниот – образовниот, е и пронаоѓањето на вистинскиот одговор за барањата на општеството, при што ги потенцира индивидуалната и институционалната одговорност на наставно - научните кадри.

Погледнато низ бројки, интерната Конференција на УКЛО опфаќа 86 пријавени трудови од 128 автори и коавтори,  исто толкав број рецензенти,  79 присутни учесници на конференцијата, 16 презентери, шест стручни комисии според научните подрачја и 6 модератори за презентирање на општите коментари и заклучоци за пристигнатите трудови од рецензентите.

Дводневната конференција се одржува во две пленарни сесии со презентации на актуелни и атрактивни  теми од областа во текот на првиот и работа во стручни сесии спред подрачјата на пристигнатите трудови во вториот ден.

УКЛО21-УИК се одржува во Крушево.


Scroll to Top