Нови пет стипендии за студенти од УКЛО

15.06.2017

Сé поголемата отвореност на УКЛО кон стопанството резултира со доделување нови стипендии. На пет студенти од Техничкиот факултет– Битола,  доделени им се стипендии од компанијата Кромберг и Шуберт Македонија ДООЕЛ Битола.

Стипендите што се доделуваат по прв пат, се однесуваат на студенти од профилите што се најбарани во компанијата. Во иднина, најавено е продолжување на оваа поддршка за сите студенти на УКЛО, без разлика на која единица на Универзитетот студираат.

Инаку, УКЛО и Кромберг и Шуберт Македонија ДООЕЛ Битола, меѓусебната соработка ја започнаа во 2014 година со потпишување на Договор за соработка. Меѓусебната соработка се одвива и во делот на практичната настава, каде студентите непосредно се запознаваат со соодветните производствени процеси, додека експерти од Компанијата се вклучени во реализација клиничката настава на УКЛО.

Ваквите и слични активности, се реализираат преку КРЕДО центарот (Центарот за кариера, алумни и доживотно учење) при УКЛО кој претставува еден вид мост меѓу студентите, Универзитетот и бизнис заедницата и своевидна врска за нивно взаемно препознавање за професионален развој.

Како резултат на интензивната соработка со стопанството, студенти од УКЛО во континуитет  користат стипендии од уште неколку поголеми компании во државата.


Scroll to Top