Потпишан билатерален договор со Универзитетот Ото Фридрих Бамберг С.Р. Германија

09.06.2017

 

Во Бамберг, Сојузна Република Германија се потпиша продолжување на претходно потпишаниот билатерален договор за соработка меѓу Универзитетот Ото Фридрих од Бамберг и Универзитетот Св. Климент Охридски Битола. На покана на ректорот проф. д-р д-р хабил. Годехард Руперт и проректорот проф. д-р Себастијан Кемпген во Бамберг на Универзитетот во Бамберг гостуваа проректорот проф. д-р Светлана Николоска и советникот за меѓународна соработка д-р Валентина Илиева од УКЛО, кои остварија средби со раководството на германскиот универзитет и единиците на истиот.

 


Scroll to Top