КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИЈА ТОМА ФИЛА

01.06.2017

 УНИВЕРЗИТЕТ

„СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА

  

ФОНДАЦИЈА ТОМА ФИЛА

 

Врз основа на член 4 и 5 од Статутот на Фондацијата Тома Фила и врз  основа на Одлуката на Одборот на Фондацијата бр.02-16/1 од 19.05.2017 година, Фондацијата Тома Фила

 

ОБЈАВУВА

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИЈА

ТОМА ФИЛА

 

УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ 

  1. Стипендијата, во бруто износ од 10.000,00 денари, се доделува за стипендирање и подржување на еден талентиран студент на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, Правен факултет - Кичево, дисперзирани студии во Битола, на втор циклус студии со положени испити и прифатен наслов на тема на магистерски труд, со остварен просек од најмалку 8 и на прв и на втор циклус студии.
  2. Стипендијата се доделува на студент со постојана адреса на живеење во Општина Битола, за едногодишно стручно усовршување како адвокатски приправник, кај адвокат со регистрирано седиште на подрачјето на Општина Битола.
  3. Стипендистот може да почне со користење на стипендијата најдоцна 6 месеци од денот на доделувањето на стипендијата. По истекот на овој рок го губи правото на стипендија.
  4. Стипендистот, по едногодишното стручно усовршување како адвокатски приправник, не стекнува право на работен однос кај адвокатот кај којшто стручно се усовршувал, а и нема обврски кон истиот.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ 

  • Пријава и CV
  • Копија од диплома за завршен прв циклус студии
  • Потврда за редовен студент на втор циклус студии
  • Уверение за положени испити на втор циклус студии
  • Копија од Одлука за прифаќање наслов на тема на магистерски труд
  • Копија од лична карта

РОКОВИ

Кандидатите - студенти треба да ги достават потребните документи во рок од 15 дена од денот 01.06.2017 година, кога е објавен Конкурсот на веб страните на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола и на Правниот факултет - Кичево, до Фондација Тома Фила - Битола ул.„Булевар 1 ви Мај“ бр.55 Битола или во зградата на Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, со назнака „За Конкурсот за доделување стипендија Тома Фила.“

Изборот на студентот ќе се изврши во рок од 15 дена, по истекот на рокот за пријавување.

  

 

                                                                             ФОНДАЦИЈА ТОМА ФИЛА


Scroll to Top