ОТВОРЕН ДЕН НА УКЛО

12.05.2017

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола за сите средношколци, идни магистранти и докторанти организира Отворен ден. 

На 12 мај 2017 година, на плоштадот Магнолија, единиците на УКЛО на посебни штандови ги претставија студиските програми во трите циклуси на образование. На непосреден начин, преку директни контакти со наставниот кадар и студентите, единиците на УКЛО ја презентираа својата високообразовна понуда и вкупните перформанси.

Отворениот ден на УКЛО се реализира со цел матурантите од средните училишта и сите заинтересирани посетители да добијат конкретни информации за упис на Универзитетот, како и за можностите за добивање награди,  стипендии, мобилности. На овој начин, УКЛО се доближува до средношколците и помага во нивната професионална ориентација.

Отворениот ден на УКЛО беше збогатен со пригодна програма, а специјално за настанот, популарната група Brass Brothers изведе одлична мизичка програма.


Scroll to Top