СВЕТСКИ ФОРУМ ЗА ТУРИЗАМ, Луцерн, Швајцарија

12.05.2017

Со цел промовирање на одржливиот развој во туризмот како глобална стопанска гранка, во периодот 3 – 5 мај 2017, во швајцарскиот Луцерн се одржа Светскиот форум за туризам (World Tourism Forum Lucerne – WTFL2017), организиран од Универзитетот во Луцерн, Швајцарија и Светската туристичка организација.

На Форумот, УКЛО беше претставен од ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски и проф. д-р Иванка Нестороска, раководител на студиската програма за туризам на Факултетот за туризам и угостителство и ментор на студентот-претставник, Томе Барбутов, чијшто истражувачки труд Промоција на сигурноста и безбедноста за одржлив развој на туризмот во Република Македонија, се најде помеѓу 9-те финалисти на Млади таленти на Форумот.

УКЛО партиципира во работата на Форумот врз основа на потпишан Меморандум за соработка што стимулира интегрирање на професионалните работници во секторот на туризмот и високообразовните институции што подготвуваат кадри за оваа стопанска гранка. Петтото издание на Форумот оваа година се фокусира врз новата генерација што планира кариера во туризмот. 

 


Scroll to Top