ОДРЖАН УКЛО ТРИВИУМ ПО ВТОР ПАТ

25.04.2017

На 24 април 2017 година на Педагошкиот факултет  се  одржа вториот по ред натпревар во ораторство УКЛО ТРИВИУМ.

Вкупно 17 говорници од Правниот, Педагошкиот, Економскиот, Факултетот за безбедност и Високата медицинска школа се натпреваруваа на тема, ЈАС СУМ СТУДЕНТ. ИМАМ ПРАВО НА ИЗБОР ЗА ЕВРОПСКАТА УНИЈА!

За најдобри говорници се прогласени: Моника Нелческа од Педагошкиот факултет - прво место, Лина Димоска од Економскиот факултет-второ место и Симона Видановска, од Правниот факултет - трето место.

Наградите за ораторите ќе се доделат на свеченоста, на 25 април, по повод Денот на основањето на УКЛО.

Најдобрите говорници ќе го претставуваат УКЛО на македонскиот студентски собир и натпревар во ораторство, традиционален настан со којшто се одбележува Денот на Европа.


Scroll to Top