ТРЕТА ГОДИШНА БУА КОНФЕРЕНЦИЈА

03.04.2017

Софискиот Универзитет „Свети Климент Охридски“ беше домаќин на Третата годишна конференција на Балканската Универзитетска асоцијација (БУА).

Во периодот од 24-25 мај највисоките претставници на универзитетите членки дебатираа на актуелни теми и прашања коишто се од заеднички интерес и со кои се соочуваат високообразовните институции од овој регион. Акцентот беше ставен на активности за  пронаоѓање можности за финансирање  од Европските фондови и за заеднички финансиски шеми во рамките на БУА.

Годишните сесии на собранието на БУА се во духот на традиционалната и успешна соработка на балканските универзитети.

Ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски го претставуваше нашиот Универзитет којшто во оваа Асоцијација членува од нејзиното основање.


Scroll to Top