Саем за можностите за студирање во САД

31.03.2017

Во рамките на соработката помеѓу EducationUSA Македонија, американските катчиња во Битола, Скопје, Штип и Тетово и Амбасадата на САД во Македонија на 4-ти април 2017 година во Скопје, од 17,00 до 20,00 часот,  во меѓународната гимназија НОВА, ќе се организира  Саем за високо образование во САД .

Претставници на 10 американски високообразовни институции учесници на Саемот во Скопје ќе одговараат на  прашања за нивните академски програми за додипломски и постдипломски студии како и за можностите за стипендии и финансиска помош. 

Учеството на саемот е бесплатно, но потребна е регистрација заради натамошна комуникација со потенцијалните студенти како и за увид во  бројот и интересите на посетителите.

На EducationUSA Саемот во Скопје оваа година ќе учествуваат: American University in Bulgaria www.aubg.edu ; Foothill and De Anza Colleges www.fhda.edu ; Central Penn College www.centralpenn.edu ;University of Colorado Boulder www.colorado.edu; Fairleigh Dickinson University www.fdu.edu/global; Minerva Schools at KGI www.minerva.kgi.edu ; University of Redlands www.redlands.edu; Savannah Collеge of Art and Design www.scad.edu; Virginia Tech www.vt.edu; Rochester Institute of Technology http://www.rit.edu/.

Инаку, EducationUSA (http://educationusa.state.gov/)  претставува  извор на точни, сеопфатни и актуелни информации за високото образование во САД. Тоа е мрежа на повеќе од 400 центри за советување во 170 држави во светот, поддржани од Бирото за образование и култура на Стејт департментот на САД, чија цел е поттикнување на меѓусебно разбирање помеѓу граѓаните на САД и граѓаните на другите држави. 

Повеќе информации за регистрација на овој саем се достапни на Фејсбук: EducationUSA Macedonia.


Scroll to Top