Студиска посета во рамките на ЕУ твининг проект

30.03.2017

На покана од Меѓународниот центар за педагошки студии во Севр, Париз, во делегацијата составена од претставници на ВО институции и Министерството за образование и наука на РМ,  во периодот 12-18 март 2017 година, проректорот за наука, проф. д-р Елизабета Бахтовска реализираше студиска посета во рамките на ЕУ твининг проектот „Развивање соработка помеѓу високообразовните институции, приватниот сектор и релевантните органи во Република Македонија“. За време на посетата беа реализирани работни средби во Меѓународниот центар за педагошки студии во Севр крај Париз и беа посетени повеќе француски установи и високообразовни институции. Целта на посетата беше споделување на најдобрите француски практики за прашања како што се: следење и поддршка на студентите за професионално вклучување, прилагодување на универзитетските студиски програми на потребите на претпријатијата и пазарот на труд и сл. Престојот вклучуваше посета на  следните институции: Универзитетот во Сан Кантен/Ивлин - Версај, Универзитетот „Париз Дидро“, Научниот и техничкиот институт во Ивлин, Технолошкиот универзитетски институт во Мант, како и посета на Ректорската конференција на ректорите на сите универзитети во Франција.

Студиската посета беше организирана на високо професионално ниво. Покрај продлабочувањето на знаењата за францускиот образовен систем, беа разменети искуства околу функционирањето и можностите на кариерните центри, како и презентација на најдобрите француски практики за прилагодување на универзитетските студиски програми кон потребите на претпријатијата и пазарот на труд. Доплнително, тоа беше можност за иницирање соработка со универзитетите и институтите што беа посетени, како во делот на мобилност на студентите и академскиот кадар, така и за заедничко учество во меѓународни проекти.


Scroll to Top