УКЛО – дел од програмата „Конекција Оксфорд”

29.03.2017

Оваа година, во програмата „Конекција Оксфорд”, којашто Балканскиот институт за вера и култура (БИВК) ја организира во Македонија по седми пат, се вклучи и Универзитетот„Св. Климент Охридски” - Битола. 

Една од водечките цели на Балканскиот институт  е да даде свој придонес во јавната сфера на македонското општество за  што се спроведуваат различни програми и иницијативи. Таков е случајот со Програмата „Конекција Оксфорд” за  поврзување на релевантните институции во Македонија со едно од водечките места за високо образование во светот со што се овозможува размена на идеи меѓу академици, професори, научници, студенти и други интелектуалци.

На 28 март, покрај приемот во Ректоратот од страна на ректорот Коруновски гостите - докторанти од престижниот британски универзитет, во продолжение на нивниот престој во Битола одржаа гостувачки предавања на неколку високообразовни институции  и тоа на следниве теми и  според следниов распоред:

Висока медицинска школа

Стивен Мекал „Trends of maternal mortality in the world and recent improvements” /“Introduction to maternal and child health.”

Кетрин Фишер „Luminescence Lanthanide Complexes for Imaging”

Факултет за биотехнички науки

Олга Седелникова „Specification of vascular patterning in maize"

Педагошки факултет

Ајлин Клуни „Opportunities and Challenges in Social Work with Children’s and Families in England”

Со оваа активност академските кадри и студентите на УКЛО имаа можност да се запознаат со врвни  научни достигнувања и резултати добиени во рамките на тековни и актуелни  академски истражувања.

Досега преку оваа иницијатива во Македонија гостувале близу седумдесет научници од  реномираниот Универзитет од Оксфорд.


Scroll to Top