Промоција на новиот повик за Е+ на единиците на УКЛО

29.03.2017

Најновиот повик за аплицирање во европската ЕРАЗМУС+ програма низ една промотивна активност е претставен пред студентите и академските кадри на сите единици во состав на Универзитетот.

Претставници од Канцеларијата за меѓународна соработка и институционалниот Е+ координатор, проректорката проф. д-р Виолета Маневска, пред студентите и академскиот кадар на Универзитетот, ги презентираа општите услови за аплицирање, но и специфичните аспекти на Програмата, состојбата со потпишани договори и досегашните активности на единиците.

Дополнително, а во насока на зголемување на интересот за аплицирање, на секоја од промотивните средби поканети студенти и кадри, досегашни корисници на грантови го  споделија личното искуство со присутните со цел да ги мотивираат да преземат таков чекор.

Промотивните активности се одвиваа според следнава агенда:

- 21 март 2017 – Битола – Технички факултет, Педагошки факултет, Факултет за биотехнички науки, ФИКТ, Висока медицинска школа, Ветеринарен факултет и дисперзираните студии на Правниот и Технолошко-техничкиот факултет во Битола

- 23 март 2017 – Велес – Технолошко-технички факултет

- 23 март 2017 – Скопје – Факултет за безбедност

- 28 март 2017 – Прилеп – Економски факултет

- 29 март 2017 – Охрид – Факултет за туризам и угостителство

 


Scroll to Top