Можности за образовна размена преку Амбасадата на САД

17.03.2017

Стипендијата Фулбрајт, Хуберт Х. Хамфри програмата, Студија во институти во САД за експерти, Програма Комјунити солушнс, Програмата за македонски медиа професионалци, Глобална програма за размена на студенти во додипломски студии (Глобал УГРАД), Летен трансатлантски институт Бенџамин Франклин– се програми на Американската амбасада коишто привлекуваат голем број  професионалци и млади луѓе започнувајќи од ученици во средни училишта, додипломци и научни истражувачи на  пост-дипломски студии,  практичари, новинари, медиа професионалци и професори од Македонија. 
Зa сите заинтересирани за некоја од овие можности за образовна размена , на 20-ти март во 14:30 часот во Американското катче Битола ќе биде организирана презентација, а програмите ќе ги претстави  г-дин Газменд Илази од Амбасадата на САД во Македонија.
Присуството треба да се потврди  на: americancornerbitola@gmail.com.

Исто така, на 20-ти март, во 11:30 часот,за студентите на Правниот факултет во Битола,  професорката д-р Јудитен Меклоклен, Фулбрајт стипендист, ќе одржи презентација на тема „Американски Врховен Суд“.


Scroll to Top