УКЛО И ДКСК потпишаа договор за соработка

16.03.2017

На 16 март 2017 година, се склучи договор за соработка помеѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола и Државната Комисија за спречување на корупцијата.

Меморандумот, потпишан од страна на ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски и претседателот на ДКСК, Игор Тантуровски, отвора можности за успешна соработка, особено за студентите и нивната едукацијата за овој општествен феномен.   

Ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски истакна дека со вклучувањето на УКЛО во превентивни активности и соработка со ДКСК се манифестира  отвореноста  да се зборува за различните општествени појави каква што е и корупцијата.


Scroll to Top