Амбасадорот на Франција на средба со ректорот

13.03.2017

На 10 март 2017 година, во рамките на својата прва званична посета на Битола, НЕ Амбасадорот на Република Франција, г-динот Кристиан Тимоние го посети  и Универзитетот во Битола.  Едночасовната средба со ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски и неговите соработници се одвиваше во пријатна атмосфера.

Амбасадорот се запозна со структурата на УКЛО и приоритетите во неговиот развој со акцент кон она што значи приближување на Универзитетот до стопанството и  отворање кон пазарот на труд што се совпаѓа со актуелните трендови во  високото образование и на меѓународен план. Во прилог кон ваквиот развој е и најновиот Твининг проект на МОН во којшто активно учествува и УКЛО, а координатор е Француското Министерство за национално образование.

Во разговорот стана збор и за релациите со француските универзитети во рамките на билатералната и проектната соработка како и во рамките на европските програми за соработка. Присутните заеднички се сложија дека соработката со Франција особено може  да се зајакне и продлабочи во областа на туризмот, гастрономијата и заштитата на културното наследство.   Амбасадорот Тимоние ја истакна и повтори  поддршката на Француската Амбасада односно Францускиот Институт за ваквите соработки и особено за членството на УКЛО во  престижната Меѓународна Асоцијација на франкофонски универзитети – АУФ на чија апликација Универзитетот веќе започна со работа. 

 


Scroll to Top