Израелскиот Амбасадор во повторна посета на УКЛО

10.03.2017

НЕ Израелскиот Амбасадор  г-динот Дан Оријан  по втор пат го посети нашиот Универзитет. Во пријатната едночасовна средба со ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски и неговите соработници, се разменаа повеќе идеи и се потврдија планови за идна соработка. Особен акцент се даде на можноста за соработка во областа на високата технологија за којашто израелските водечки искуства на меѓународен план се особено значајни.

Амбасадорот беше придружуван од д-р Рахел Шели Леви Друмер, професорка на престижниот Бар Илан Универзитет во Тел Авив.

Повторната средба доаѓа и како резултат на успешната апликација во рамките на Еразмус+ програмата, поточно клучната акција КА107 којашто се однесува на размена на кадри и студенти помеѓу програмски и партнерски земји.

Благодарение на доделениот грант, во наредениов период, академски кадри од УКЛО и Универзитетот Бар Илан ќе реализираат размени односно мобилности за настава.

Тоа беше и повод  разговорите да се фокусираат на некои модалитети за успешна реализација на размената во рамките на оваа европска програма, но и на други приоритети за проектна и друг вид билатерална соработка.

Претставници на УКЛО беа и дел од Маршот на животот – комеморативен настан со којшто во Битола се одбележа 74 годишнината од депортацијата на Битолските евреи, жртви на  Холокаустот.


Scroll to Top