Инфо ден – Грантови за индивидуални истражувачи

09.03.2017

Во организација на Министерството за образование и наука на РМакедонија, а во соработка со Европската Комисија, на 24.03.2017 г. во МАНУ – Скопје, ќе се одржи Инфо ден за презентација и промоција на Грантови за индивидуални истражувачи, коишто ги нуди Европскииот Истражувачки Совет, во рамките на Програмата за мобилност – Марија Склодовска Кири  (Хоризонти 2020).

Програмата е наменета за сите категории на истражувачи и тоа без ограничувања во поглед на нивното искуството и научните дисциплини. Истражувачката работа може да се реализира со тим предложен од самиот истражувач, во лаборатории и друга научно-истражувачка инфраструктура ширум Европа.

Превземи: Агенда


Scroll to Top