Потпишан меморандум за соработка помеѓу УКЛО и LTH леарница од охрид

03.03.2017

На 01.03.2017 во просториите на Ректоратот при Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола ректорот проф. д-р Сашо Коруновски и генералниот директор Антон Пинтар и управителот Наташа Јовчевска од компанијата LTH леарница од Охрид потпишаа Меморандум за соработка.

Потпишувањето на Меморандумот за соработка со оваа реномирана компанија доаѓа како резултат на воспоставената соработка на УКЛО со стопанските субјетки што подразбира можност за поголема отвореност на Универзитетот кон надворешното опкружување.

Со чинот на потпишување на меморандумот LTH леарница од Охрид станува достапна за стекнување на практичи познавања на студентите на УКЛО кои се определиле да студираат технички науки. Покрај тоа, се отвора можноста стручни кадри од компанијата да се вклучат во наставниот процес како дел од клиничката настава која што се изведува на факултетите, како и реализација на одредени истражувања за  магистерски и докторски трудови на студентите од втор и трет циклус.

Пред потпишувањето на Меморандумот за соработка, менаџерскиот тим од компанијата LTH леарница од Охрид, придружувани од проректорот за наука проф. д-р Елизабета Бахтовска, ги посетија просториите на Техничкиот факултет – Битола, каде пред студентите беше промовирана  компанијата, можностите за вработување, стипендирање и изведување на практиканска работа.


Scroll to Top