Твининг проект со МОН-Работилница

28.02.2017

Во рамките на Твининг проектот „Развивање на соработка помеѓу високообразовните институции, приватниот сектор и релевантните органи“ (MK 13 IPA SO 0116 R) во Ректоратот на УКЛО се одржа работилница  за споделување искуства за техники на евалуација на наставни програми и нивна примена во практика.

За  присутните претставници на единиците во состав на Универзитетот во Битола коишто дојдоа во голем број  – продекани за настава, членови на Комисијата за евалуација и други кадри, но и претставници од Универзитетот „Свети Апостол Павле“ од  Охрид,  оваа интересна работилница претставуваше можност за размена на искуства и информации, за групна дискусија во врска со студиските програми – нивното креирање, нивната атрактивност, компатибилнист со барањата на пазарот на трудот, нивната одржливост, евалуација и оптимални алатки за евалуација применливи во нашата земја.

Присутните експерти од институциите што се дел од Конзорциумот на овој проект споделија практики од Северна Ирска и Франција за техниките на евалуација на наставни програми.

Низ една интерактивна  размена се слушнаа искуствата и размислувањата презентирани од страна на странските излагачи: Конор Брејди, раководител за високообразовни политики при Министерството за економија од Северна Ирска, Обединето Кралство, Каролин Калму, директор на мисија во Министерството за национално образование, високо образование и истржување од Париз, Франција, Дидие Журден, професор по педагогија и консултант од Педагошки от факултет при Универзтитетот Клермон-Оверњ од  Франција и  Алан Виал, директор за обезбедување квалитет во Агенцијата за квалитет во високото образование од Глостер, Обединето Кралство.


Scroll to Top