Најнова промоција на УКЛО

20.02.2017

На 18 февруари 2017 година промовиран е учебникот „Системската корупција и организираниот криминал – нови епистемолошки димензии и практични консеквенции од конкретните решенија на стратешката визија за длабоки структурни реформи во клучните општествени системи, со цел за значително подобрување на владеењето на правото во Република Македонија“, од авторот, проф. д-р Миодраг Лабовиќ.

Рецензентите, д-р Гордана Силјановска и Угљеша Звекиќ покрај високите оценки и значењето на трудот на професорот Лабовиќ потсетуваат дека авторот, неодамна, за темата владење на правото и антикорупцијата доби висока научна награда под покровителство на ООН.

Промоцијата на книгата се одржа во хотел „Холидеј Ин“, со поддршка и во организација на УКЛО и Факултетот за безбедност – Скопје.


Scroll to Top