УКЛО потпиша Меморандум за соработка за младинско информирање

17.02.2017

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола се вклучува во Националната кампања „Информирај се сега!“ чија цел е подигање на свеста за значењето на младинското информирање.

За успешна имплементација на Кампањата, УКЛО претставуван од проректорот за финансии, проф. д-р Светлана Николоска е меѓу потписниците на Меморандумот со којшто се преземаат обврски од Акциониот план од Националната Стратегија за Mлади на Република Македонија.

Со Меморандумот за соработка потпишан на 15 февруари 2017 година,  УКЛО се вклучува во активноси за редовно информирање и отстапување медиумски простор за кампањата преку Универзитетското радио УКЛО ФМ.

Меѓу потписниците на Меморандумот се Агенцијата за млади и спорт и Коалицијата СЕГА.


Scroll to Top