ШЕСТ ГОДИНИ УКЛО ФМ

13.02.2017

Во рамки на одбележувањето на шестиот роденден на Универзитетското радио, на 13 февруари 2017 година, во УКЛО ФМ се одржа пригодно роденденско дружење.

По тој повод, ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски додели Пофалници на средношколци  и ментори од средните училишта од Регионот кои зедоа учество во активности по повод 1100 години од упокојувањето на св. Климент. Младинската радио продукција се реализираше со неколку циклуси  емисии  со радио материјал од 150 минути.

Пофалници се доделени и на студенти активисти во УКЛО ФМ кои во својство на редовни соработници се ангажирани во збогатување на програмата на УКЛО ФМ.

Во славеничката програма на УКЛО ФМ покрај студенти, академски кадар, и претставници од средните училишта, присуствуваа и други гости и пријатели на медиумот.

Во радио-програмата на УКЛО ФМ  застапени се информативни, образовни, едукативни и забавни содржини. Инаку, 13 февруари се одбележува и како Светски ден на радиото.


Scroll to Top