Меѓународна наградата за Деканот на Факултетот за безбедност

27.12.2016

Виктимолошкото друштво на Србија како меѓународно респектабилна организација од областа на виктимологијата, на деканот на Факултетот за безбедност - Скопје проф. д-р Оливер Бачановиќ, во Белград, му ја додели наградата за 2016 година  за придонесот во унапредување на правата на жртвите во Македонија и целиот регион на поранешна Југославија. Наградата се доделува на поединци/индивидуални активисти и организации коишто со своите постапки и активности дале голем и долготраен придонес за подобрување на правата на жртвите и за постигнување на зацртаните цели.

Професорот Бачановиќ е еден од втемелувачите на Виктимологијата во Македонија и е прв кој уште во поранешна Југославија почнал да го предава овој предмет на  високообразовна институција. Тој активно соработува со Виктимолошкото друштво на Србија од  основањето како и со сродни организации и факултети во странство, а исто така е посветен на едукација на млади професионалци што се занимаваат со научно-истражувачка работа од  оваа област.


Scroll to Top