Одржан прием по повод високата светска награда на професор Миодраг Лабовиќ

23.12.2016

На 23 декември 2016 година, во Ректоратот на Универзитетот  “Св. Климент Охридски“  - Битола, се одржа прием во чест на професорот од Факултетот за безбедност – Скопје, д-р Миодраг Лабовиќ по повод  добиената  научна награда на светско ниво за врвни научни достигнувања во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Ректорот проф. д-р Сашо Коруновски од името на Универзитетот, за извонредните научно-истражувачки достигнувања и резултати на професор Лабовиќ му додели Благодарница и пригоден подарок, во знак на признание  за виско валоризираните научни достигнувања на меѓународно ниво.

На настанот, во чест на професорот, претставниците на медиумите беа запознаени со научната работа на професор Лабовиќ. Во голема конкуренција на научни трудови, со учество на професори од најреномираните светски универзитети меѓу кои Сорбона и универзитетите во Монтреал, Торонто и Лондон, тој ја освои престижната награда што му е доделена на специјална церемонија во кралската палата „Хофбург“ во Виена, во присуство на значајни светски  политички личности, меѓу кои Бан Ки Мун, шеикот на Катар и други.

Научната награда се доделува под покровителство на ООН – UNODC – Канцеларијата при Обединетите нации за превенција од дроги и криминал.


Scroll to Top