ДЕЛЕГАЦИЈА НА УКЛО ВО ПОСЕТА НА ТЕХНОЛОШКИОТ ОБРАЗОВЕН ИНСТИТУТ ВО КОЖАНИ

23.11.2016

Делегација на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на покана од раководството на ТЕИ Кожани ја посети оваа значајна високообразовна институција во Северна Грција. Ректорот Коруновски придружуван од  соработниците, проректорите, се сретна со својот колега ректорот, д-р Николаос Асимопулос и притоа, за наредниот период, се иницираа повеќе активности што ќе ја одбележат воспоставената соработка.

Активностите претежно се однесуваат на проектната соработка и соработката во областа на апликативните науки за кои може да се размислува во правец на заедничко оптимално искористување на опремата односно техничките како и  човечките ресурси.

Посетата на Технолошкиот Образовен Институт од Кожани беше искористена и за посета на манастирот „Св. Јован Продром“ во близина на Кожани, кадешто, делгацијата на УКЛО, во пресрет на патрониот празник и на одбележувањето 1100 години од упокојувањето, се поклони пред моштите на својот патрон св. Климент.


Scroll to Top