Важно! Продолжен рокот за Конкурсот за истражувачки труд и есеј

17.10.2016

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола распишува Конкурс за најдобар  

 

I. ИСТРАЖУВАЧКИ ТРУД

II. ЕСЕЈ

Критериуми и услови:

Право на учество на Конкурсот имаат студенти на прв циклус студии, во академската 2015/2016 година;

· Студентот има право да конкурира за:

- најдобар истражувачки труд

- најдобар есеј

Студентот има право со посебни трудови истовремено да конкурира и за истражувачки труд и за есеј

Eсејот се изработува исклучиво на тема посветена на 1100 години од упокојувањето на Св. Климент,

Истражувачкиот труд се изработува по слободен избор, а во рамки на одбележување на јубилејот.  

Начин на доставување на трудовите:

Трудот, односно есејот се доставува во електронска форма на следната адреса: istrazuvackitrudiesej2016@uklo.edu.mk.

На трудот не смее да бидат наведени податоци за студентот, се наведува само насловот и шифрата под која се пријавува истражувачкиот труд, односно есеј.

Истражувачките трудови и есеи се доставуваат најдоцна до 13 ноември 2016 година.


Scroll to Top