Адреса: 1ви Мај бб. тел: ++389 (0)47 223 788 факс: ++ 389 (0)47 223 594 E-mail: rektorat@uklo.edu.mk
ЕРАЗМУС ПРОГРАМА ЗА МОБИЛНОСТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА ЗА АКАДЕМСКАТА 2010/2011
Со добивањето на Еразмус чартерот (ERASMUS UNIVERSITY CHARTER (EUC), No. 255200-IC-1-2009-1-MK-ERASMUS) и Еразмус кодот за УКЛО MK BITOLA о1, Универзитетот „Св. Климент Охридски” - Битола го започнува процесот на реализирање мобилности наменети за студиски престои на студенти и стручни усовршувања и настава за академски кадри. Дестинации се универзитетите во државите членки на ЕУ: Австрија, Белгија, Бугарија, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Латвија, Летонија, Луксембург, Малта, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска и Велика Британија.
Основни услови и критериуми при пријавувањето на студентите се тие
да имаат македонско државјанство и во моментот на реализирање на мобилноста да се запишани најмалку на втора година студии
Студентите можат да престојуваат од 3 до 12 месеци
на странскиот универзитет, а академските кадри најмногу 1 седмица
Потребни документи за студентска мобилност:
Висината на стипендијата за студентите изнесува 310 ЕУР месечно.
Студентите лично ги поднесуваат потребните документи за мобилност до Еразмус координаторот на универзитетот каде што ќе се реализира престојот
Потребни документи за академска мобилност :
Просечната висина на финансиската поддршка за академските кадри се пресметува врз основа на посебна табела .
Апликациите на кандидатите се доставуваат до координаторите на факултетите кои понатаму ги процесираат до Канцеларијата за меѓународна соработка.
Сектор за наставно-научна и меѓународна соработка
ПРИЛОЗИ:
Еразмус координатори на едниците на УКЛО
Прелиминарна пријава за студенти
УКЛО модел на Еразмус билатерален договор
Формулар за аплицирање на студенти
Формулар за аплицирање на академски кадар
Договор за признавање на периодот на мобилност на студенти
Договор за грант (студент - Универзитет)
Договор за грант (кадар - Универзитет)