Факултет за информатички и комуникациски технологии - Битола

Димитар Бошевски


Споделете искуства од студирањето на УКЛО / Техничка информатика, сега студиска програма на Факултетот за информатички и комуникациски технологии - Битола

Бев во втората генерација на Техничка информатика во Битола. И покрај тоа што уште во средно ме интересираше програмирање, во тоа време запишувањето на факултет кој нуди образование во оваа област беше мал визионерски чекор. Исто и IT фирмите се броеја на прсти. Денес после 14 години разбирам дека сум ја направил вистинската одлука - да сум во професија која е една од најценетите и најплатените. На тој факултет запознав многу драги луѓе со кои и до ден денес сум пријател. 

Споделете Ваши искуства по дипломирањето на УКЛО / Техничка информатика, сега студиска програма на Факултетот за информатички и комуникациски технологии - Битола

Факултетот ми помогна да се насочам кон областите коишто ги сакам. Изборот на предмети беше значаен за да можам да се развивам како програмер. Мојата професионална кариера во IT фирма започна кога бев последна година на факултетот. Потоа, една година бев надворешен асистент кај професор д-р Илија Јолевски по повеќе предмети, за од пред 7-8 години до ден денес да работам во InterWorks Битола како Microsoft Practice Lead и Технички архитект. Ме радува што сум во фирма во која работам со уште 80 професионалци – колеги од Битола и околните места. Во InterWorks ги поминав сите скалила за да стигнам до денешната функција и обврските кои ги имам.

Alumni совет

Новите студенти треба да знаат дека и ние бевме како нив – почетници, но за разлика од денес, нам ни беше многу потешко да дојдеме до материјали, немавме неограничен Интернет во кое било време и на кое било место. Денес е одлично да бидеш дел од IT, вие ги имате сите услови да се надградувате, подобрувате, учите – треба само желба и секако работа.

Иванчо Димовски


Споделете искуства од студирањето на УКЛО/Tехничка информатика сега студиска програма на Факултетот за информатички и комуникациски технологии - Битола

На студиската програма за Техничка информатика се запишав во една од првите генерации по формирањето на оваа програма на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола. 

Најмногу ме привлече насоченоста  на студиската програма и фокусот на програмирање, развој на апликации и бази на податоци.

На оваа студиска програма, програмирањето и практичните искуства беа далеку поприсутни за разлика од останатите програми на другите факултети и универзитети.

Надвор од наставната програма, најголем впечаток ми остави учеството на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола на собирите Електријада 2006 во Струга, и Електријада 2007 во Чањ, Црна Гора. На овие собири учествувавме како претставници на студиската програма Техничка информатика. Покрај напреварувањето во натпреварите по структурно и објектно-ориентирано програмирање, учествувавме во бројни спортски и друштвени активности.       

Споделете Ваши искуства по дипломирањето на УКЛО/Техничка информатика сега студиска програма на Факултетот за информатички и комуникациски технологии - Битола

По дипломирањето на студиската програма Техничка информатика при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола имав можност да ги применам знаењата стекнати на оваа програма, прво како помлад а потоа и како постар развивач на софтвер во македонската филијала на меѓународната фирма Perficient од Хјустон Тексас.

Потоа имав можност да ја продолжам мојата кариера во Соединетите Американски Држави, започнувајки како постар развивач на софтвер во малата компанија за координација и менаџмент на здраствени осигуреници со хронични болести Matria Healthcare  и  Alere Health од Атланта, Џорџија, па сѐ до менаџер на развој на софтвер и софтверски архитект во Optum / United Healthcare. Оваа компанија е петта на Fortune 500 листата на најголеми компании во Соединетите Американски Држави.

Во текот на целото мое професионално искуство, практичните знаења добиени на студиската програма Техничка информатика беа од огромно значење и имаа примена уште од првиот работен ден.

Alumni совет

Забавувајте се и искористете ги сите средства и можности што ги нудат студиските програми од областа на Информатиката и Компјутерската техника и информатика на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и запамтете дека теоретското знаење иако е од огромно значење, е незаменливо со практичното искуство.

Наум Фидановски


Споделете искуства од студирањето на УКЛО/Менаџмент на информациски системи, сега студиска програма на Факултетот за информатички и комуникациски технологии - Битола

Ја избрав студиската програма – Менаџмент на информациски системи поради тоа што имав интерес за информатичките и економските науки. Прилично сум задоволен од тоа како се одвиваше наставата, а особено од вежбите каде што теоријата ја применувавме во пракса.
Професорите и асистентите беа фер и коректни, а исто така достапни и желни да помогнат и после наставата.

Како голем плус покрај информатичките и економските предмети, го сметам тоа што имавме можност да го слушаме предметот „Деловен англиски јазик“ кој многу се наоѓа во секојдневната работа.

Како недостаток за време на моето студирање би го спомнал тоа што не бевме во можност да слушаме одредени изборни предмети како на пр. „Вештачка Интелигенција“.

Споделете Ваши искуства по дипломирањето на УКЛО/Менаџмент на информациски системи сега студиска програма на Факултетот за информатички и комуникациски технологии - Битола

Моментално работам во UXmake – америкнска ИТ компанија која има отворено канцеларија во Битола. Работам на дизајнирање на софтверска архитектура,  развивање на самиот софтвер (backend делот, а доколку е потребна и web апликација тогаш работам и на frontend делот).

Технологии со кои работам се: Node.js (koa, socket.io, aedes), MongoDB, PostgreSQL, ArangoDB, Redis, RabbitMQ на backend, а JavaScript (React, Vue, Angular) на frontend.

Се вработив неколку месеци по дипломирањето во iSource – outsourcing компанија со канцеларии во Битола и Скопје. На почетокот работев PHP, а по 2 години преминав на .NET и JavaScript. Потоа се вработив во UXmake каде што работам и моментално.

Како позначајни постигнувања можам да ги споменам следните:

- софтверот за преглед на видеа на кој работев во iSource којшто моментално се користи од најголемите светски медиуми на нивните веб портали.

- изработка на web апликација за онлајн колаборација (слична на google docs) креирање и уредување на office документи во реално време, во комбинација со видео, аудио повици, инстант пораки на sidebar, снимање на видео конверзациите, споделување на екранот и др.

Alumni совет

Да посветат поголемо внимание на предметите што им се интересни, по можност да побараат и дополнителна литература, додека пак практичниот дел од наставата редовно да го вежбаат и дома, затоа што тоа е она што ќе го прават кога ќе се вработат.

Што се однесува за семинарските работи и проектните задачи, би им препорачал да ги прават самостојно или во мали групи со што би посветиле повеќе време на истите и ќе се стекнат со дополнителни знаења и вештини кои многу ќе им помогнат при вработувањато.

Тони Коталески


Споделете искуства од студирањето на УКЛО/ Информатика и компјутерска техника сега студиска програма на Факултетот за информатички и комуникациски технологии - Битола

Достапноста на персонални компјутери и Интернетот како алатка ми го привлекуваа целото внимание, па решив да навлезам во тајните на информатиката. Видов дека на УКЛО во Битола се отвора нова студиска програма Информатика и компјутерска техника, која беше идеална за надградба на знаење за компјутерите и информатичкиот свет. Насоките за моето понатамошно професионално дејствување ги добив од професорите и предметите кои се предаваа на оваа студиска програма. Од особен интерес за мене беше мрежното поврзување и комуникации, заради што избирав предмети кои ме интересираа, а дополнително посетував и курсеви од Cisco, кои беа посебно корисни во понатамошната професионална кариера. Најдоброто беше тоа што имавме пристап до најнова технологија на мрежна опрема како свичеви и рутери,  на кои можевме да примениме и да тестираме тоа што сме научиле на часовите.

Споделете Ваши искуства по дипломирањето на УКЛО/ Информатика и компјутерска техника сега студиска програма на Факултетот за информатички и комуникациски технологии - Битола

Во текот на студирањето на УКЛО работев на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид како систем администратор. После дипломирањето продолжив со работа со полно работно време како стручен соработник и систем администратор на истиот факултет, каде што останав до 2014 година. Во истиот период работев на повеќе проекти за кои од суштинско значење беше знаењето што го стекнав на УКЛО на студиската програма Информатика и компјутерска техника. Од 2014 год. до денес работам како Директор на Јавно претпријатие за управување со пазари на големо и мало Охрид. Од 2015 год. сум избран за Потпретседател на Регионална стопанска комора Охрид. 

Alumni совет

Следете го развојот на технологијата, учете  и користете го знаењето за да ги исполните вашите желби.

Технолошко-технички факултет - Велес

Бодан Ѓорговски

Споделете искуства од студирањето на УКЛО/ Технолошко-технички факултет - Велес

Кога го избрав Технолошко-технички факултет во Велес не бев сигурен дека тој е мојот вистински и правилен избор, но сега знам дека не сум згрешил. Силен впечаток ми остави целиот колектив уште на денот на запишување. Во текот на студиите имав огромно разбирање од професорите и асистентите (достапен материјал, достапеност за консултации и дискусија околу материјалот).

Споделете Ваши искуства по дипломирањето на УКЛО/Технолошко-технички факултет - Велес

Во текот на моето студирање се стекнав со знаење во повеќе области што ми помогна веднаш по моето дипломирање на Технолошко-технички факултет во Велес да се вработам како технолог во пекарата Специјал во Скопје. Потоа, 2 години работев како технолог во производство во Жито Лукс – Скопје, а сега сум вработен во Мултипром – Скопје, исто така како технолог во производство. Стекнатото знење успевам добро да го применувам во пракса. Тоа  ми овозможи успешно да одговорам на барањата и предизвиците на работното место и да ја градам својата кариера.

Знаењето што го стекнав за храната и начините како  таа може да се подготви, преработи не го применувам само на моето работно место. Таа е дел и од моето слободно време. Може да ме следите на instagram каде објавувам мои иновации и креации со храна.

Alumni совет

Можеби јас не бев еден од оние најдобрите студенти, но она што го научив на Технолошко-технички факултет во Велес ми овозможи да бидам она што сум сега. Посветен на работата, со  постојана желба за усовршување и надоградување на своето знење и практика.

Додека студирате она што професорите ќе го бараа од вас ќе ви изгледа непотребно и преобемно, но верувајте има зошто го бараат тоа од вас. Зграбете го знењето што тие ви го нудат, бидејќи тоа што ќе го научите никој не може да ви го земе и ќе ви ги отвори вратите на вашата иднина. 

Александра Илиоска

Споделете искуства од студирањето на УКЛО/ Технолошко-технички факултет - Велес

Технолошко-Техничкиот Факултет во Велес го избрав поради љубовта кон природните науки, интересот за здравата храна и новите трендови во прехранбената индустрија, но пред сè поради тоа што таму препознав можност за вработување во иднина. На ТТФ пронајдов стимулативна средина, пристапни професори кои од срце ги споделуваат своите знаења со студентите, но и колеги со кои четири години споделувавме интереси и  доживувања. Почитта и благодарноста кон професорите исто како и другарствата родени во факултетските холови траат за цел живот.

 

Споделете Ваши искуства по дипломирањето на УКЛО/Технолошко-технички факултет - Велес

 Уште со запишувањето на факултет моја желба беше вработување во „Витаминка“ и набрзо по дипломирањето желбата ми се исполни. Во  „Витаминка“ работам како технолог во Работната Единица „Кечап и мајонез“.  Витаминка“ е лидер во прехранбената индустрија не само во земјава, туку и во поширокиот регион, со повеќе од 60 години успешна работа и широка палета на силни брендови препознатливи на светско ниво. Во  Витаминка“ сум опкружена со врвни професионалци, луѓе со огромно искуство и знаења, колеги од кои секојдневно учам и се доизградувам како професионалец. 

Alumni совет

На идните студенти им препорачувам да одберат професија која вистински ја сакаат. Единствено така учењето се претвора во уживање, а работата станува задоволство. Студентите не треба да се плашат од предизвици, нив треба храбро да ги прифатат и секогаш треба да се стремат да бидат подобри, најдобри во тоа што го работат. 

Анета Николовска

Споделете искуства од студирањето на УКЛО/ Технолошко-технички факултет - Битола

Одбрав да студирам нутриционизам бидејќи  подолг период практикувам здрава исхрана односно здрав животен стил.

Споделете Ваши искуства по дипломирањето на УКЛО/Технолошко-технички факултет - Битола

Во моментов работам како нутриционист  во “Индустри сервис”-компанија за организирана исхрана и индустриски кетеринг која поседува кујни во најголемите фабрики со странски капитал во Македонија.Претходно (2015-2016)работев во Нутриционист консалтинг како нутриционист подготвувајќи режими на исхрана од диетопревентивен и диетотерапевтски карактер.Во периодот од 2013-2014 бев дел од тимот на диет клубот Net medikal diets исто така изготвувајќи индивидуални режими на исхрана.Објавен научен труд на Nutricon 2016 заедно со мојата  менторка  Доц . д-р Даниела Николовска Неделкоска . 

Alumni совет

Постојано да вложуваат во надградување на своето знаење .

Ѓоре Бочваров

Споделете искуства од студирањето на УКЛО/ Технолошко-технички факултет - Велес

Технолошко Техничкиот факултет го избрав поради љубовта кон производството на храна и нејзиното влијание врз квалитетот и начинот на живот на луѓето.Од студирањето на овој факултет имам многу позитивни сеќавања и позитивни оценки ,пред се пофалби кон наставниот кадар кој е секогаш пријателски и позитивно настроен да го пренесе своето знаење и да помогне во секоја ситуација кон студентите.Искуствата кои ги стекнавме на овој факултет се многу значајни за понатамошната кариера особено за правилно и безбедно работење за нас и луѓето околу нас.

Споделете Ваши искуства по дипломирањето на УКЛО/Технолошко-технички факултет - Велес

Вработен сум во месна индустрија Пекабеско.Инженер технолог во погон претежно за сувомеснати производи,нарезоци паштети и трајна роба.Работата е доста динамична и интересна исполнета со секојдневно пронаоѓање на нови производи и усовршување на старите.Вработен сум веќе две години веднаш по моето дипломирање.Како позначајни успеси ми се усовршување на ловечка паштета со нов чили зачин.Пуштање на нова линија на гулаш,умак и хаше производи.

Alumni совет

Доколку мислите дека немате среќа немојте никогаш да престанете и да се трудите со нешто да ја предизвикате,Овој факултет ви нуди шанса за понатаму во животот со напорна работа да ви се насмее среќата и да станете успешни во својата професија.

Ѓоре Наков

Споделете искуства од студирањето на УКЛО/ Технолошко-технички факултет - Велес

Со оглед дека прехранбената индустрија и биотехнологијата се во постојано усовршување студирањето на Технолошко-технички факултет Велес целосно ги задоволи моите очекувања и потреби. Во текот на моето студирање една година преку Erasmus програмата бев на размена на студенти во Универзитетот по Прехранбена технологија во Пловдив, Репбулика Бугарија (University of Food Technology Plovdiv), година која ми помогна во усовршување на професионален план.

Споделете Ваши искуства по дипломирањето на УКЛО/Технолошко-технички факултет - Велес

По завршувањето на додипломските студии на Технолошко-технички факултет во Велес, започнав со работа како технолог во производство на торти и колачи каде веќе наученото го применив во пракса.

Второто работно место на кое работев 2,5 години е фармацевтската индустрија.  Со оглед на тоа дека бев студент на прехранбена технологија и биотехнологија, и имавме предмети во кои изучувавме делови од фармацијата, вклопувањето на новото работно место беше многу побрзо повторно благодарение на моите завршени студии.

Денес работам како асистент во Република Бугарија на катедра Биотехнологија и Прехранбена технологија, каде без моите додипломски студии на Технолошко-техничкиот факултет во Велес немаше да бидам. Моите дипломски студии ги завршив во Р.Бугарија што значи дека дипломата од Технолошко-техничкиот факултет во Велес е целосно призната. И да, не помалку важна е и соработката која ја имам со моите професори (сега веќе колеги) од Технолошко-технички факултет Велес за која можат да говорат бројните научни трудови кои се издадени и се надевам дека уште повеќе ќе издаваме.

Alumni совет

Направете учењето да Ви биде задоволство, во факултетските клупи можете да создадете многу пријателства кои ќе траат цел живот како што е мојот случај на Технолошко-технички факултет Велес. Образованието е дел од животот, без кое не се може.

повеќе

Ангела Тасеска

Споделете искуства од студирањето на УКЛО/ Технолошко-технички факултет - Велес

Технолошко-технички факултет беше сосема случајно .Кога требаше да се реши тоа прашање  каде ќе го продолжам моето високо образование ,пребарав на интернет и се задржав токму на на страната  www.ttfv.uklo.edu.mk. Ја  избрав  студиската програма  Прехранбена технологија  и биотехнологија ,бидејќи од секогаш ме интересирале технологиите , како од суровина да се направи производ кој што можеме да го конзумираме.Особено  најпримамливи  ми беа и останаа чоколадата и чоколадираните производи ,како и  алкохолните и ферментациони производи.

Споделете Ваши искуства по дипломирањето на УКЛО/Технолошко-технички факултет - Велес

Го одбранив дипломскиот труд на 24.08.2016 година ,на  01.11.2016 почнав со работа во П.И “Витаминка’ –Прилеп.Беше толку брзо , што и не реално за мене.

Како дипломиран инженер –технолог работам во “Контролно-развојна лабораторија” каде ги контролираме готовите спакувани производи,нивната исправност,рок на употреба ,естетика сл.

Alumni совет

На сегашните студенти им препорачувам  да си го продолжат своето студирање, да не се откажуваат,бидејќи од овој мој агол сега  е се многу подобро.

Технолошко-технички факултет  Велес има одлични професори, личности полни со знаење ,посветени на студентите и не себично своето знаење им го пренесуваат на студентите,така што идните студенти  слободно доколку имаат желба можат да се насочат на овој факултет.

Милко Велески

Споделете искуства од студирањето на УКЛО/ Технолошко-технички факултет - Велес

Како и секој средношколец се најдов на крстопат за тоа каде да продолжам понатаму низ животот. Размислувајќи заклучив дека храната е нешто што не изумира и секогаш е приоритет кај населението. За да се живее мора и да се храмниме. Раководен од оваа мисла одлучив да се запишам на Технолошко-техничкиот факултет Велес, на дисперзираните студии во Кичево, на насоката прехрамбена технологија и биотехнологија.

Студирањето се одвиваше во најдобар ред. Искрено, бев задоволен од наставата и од знаењето кое го пожнеав од овој факултет. Секогаш може повеќе, но само чекор по чекор се стигнува до успехот. Комуникацијата со професорите се одвиваше во најдобар ред. Истите секогаш беа тука кога требаше да разрешиме некој проблем или имавме некое недоразбирање околу наставата. Беше нов факултет, но доколу поединец сака да се надоградува тоа не претставуваше проблем. Науката е секогаш околу нас, а само оној кој сака ќе ја прифати и таа ќе стане дел од неговиот живот. Убав период беше тоа во мојот живот, убави спомени во моето срце.

Споделете Ваши искуства по дипломирањето на УКЛО/Технолошко-технички факултет - Велес

Веднаш после завршувањето на факултетот се вработив како прехрамбен технолог во П.И.„Витаминка“. Моментално сум Шеф на неколку работни единици и тоа: Чоколада, кремови и чоколадирани производи. Работејќи во оваа прехрамбена индустрија знаењето стекнато од факултетот го преточив во пракса. Постојано се соочувам со нови предизвици. Раководам со група на луѓе чиј број е околу 150 и водам едни од најзначајните погони во П.И.„Витаминка“. Покрај организацијата на производството, дел од работата е и следење на стандардите кои се имплементирани во нашата индустрија, правење на проби, постојана комуникација со странски експерти од областа со која раководам и голем број на други секојдневни задачи. Учтивоста, трудољубието, знаењето, снаодливоста, одговорноста се само дел од способностите кои ми помогнаа да бидам ценет од останатите вработени во нашата прехрамбена индустрија. Работејќи се стекнав, покрај другото, со вештина да раководам и со голем број опрема (со постоечката и новите опреми кои се докупуваат), да правам подобри организациони планови, да раководам со луѓе, да станам подобар експерт во проблематиката наречена чоколадо и чоколадни производи. Мило ми е што факултетското знаење го преточочувам во пракса, искуство и моја лична професионална надоградба.

Alumni совет

Драги студенти, учете со срце и ум. Учете за Вас бидејќи стекнатото знаење и стекнатите вештини никој не може да ви ги одземе. Еден ден истите ќе ви помогнат да се снајдете во суровиот свет кој ве очекува по излегувањето од студентските клупи. И запомнете, Вие сте тие кои ја креирате вашата иднина.

Гордана Лазаревска

Споделете искуства од студирањето на УКЛО/ Технолошко-технички факултет - Велес

Производството на квалитетна и безбедна храна беа поттик да се запишам на студиите по Прехранрамбена технологија и биотехнологија со цел да се здобијам со знаења од доменот на конвенционален начин на производство и иновирани технологии за производство на квалитетен, безбеден и здрав производ.

Споделете Ваши искуства по дипломирањето на УКЛО/Технолошко-технички факултет - Велес

Со цел да го зголемам моето знаење во делот на квалитетот и безбедноста на храната се запишав на магистерки студии на Технолошко – технички факултет – Велес на насока Управување со квалитет и безбедност на храна. Апсорбираното знаење од моите студии денес ми е од големо значење за во пракса каде што работам како технолог инжинер, а производството на квалитетен и безбеден производ се на прво место.

Alumni совет

Упорност и редовност во наставата во текот на студирањето каде што од стручниот и несебичен наставен кадар којшто секогаш излегува во пресрет ќе стекнат големо знаење.

Економски факултет - Прилеп

Александра Стојаноска


Споделете искуства од студирањето на УКЛО/ Технолошко-технички факултет - Велес

Затоа што сакав да стекнам  знаење за бизнисот и економијата, да навлезам во тајните на финасиите, менаџментот и маркетингот, анализа на податоците и нивно статистичко обработување и значење.

Споделете Ваши искуства по дипломирањето на УКЛО/Технолошко-технички факултет - Велес

Работам во фирма која развива софтверски решинија за бизнис потребите на сите фирми. Моето работно место е Анализа на бизнис процеси и опфаќа скенирање и анализа на работните процеси и операции во компаниите, изработка на концепти за изработка на софтверски решенија, имплементација на истите, консултации за оптимизација на работните операции и давање на идеи и решенија за проблемите со кои се соочуваат компаниите од областа на економијата, сметководството, финансиите и сл.

Alumni совет

Образованието е вител на идеи, кои некои ќе успеете да ги реализирате, а некои не. Само преку образование може да се добие знаење кое ќе ви биде основа и водач кон изборот на добрите идеи. Тоа знаење да се искористи за да се направи анализа на оптимално потребните средства за  реализација на тие идеи или да се биде добар претприемач или да се биде добар, совесен и вреден работник.

За добар ученик, не постои лош учител. Така велат постарите, така велам и јас. Само упорните, истрајните и пожртвуваните успеваат. Човек треба да учи додека е жив и цело време да го надоградува знаењето. Дипломата и наградите се само мали и скромни индикатори за вистински стекнатото знаење. Не треба да застанете и да се ограничите само на тие успеси. Дипломата е само парче хартија, која не значи ништо и нема да има никаква примена ако немате стекнато вистинско знаење и ако не се трудите секогаш да го надградувате , зголемувате и збогатувате. 

 PS. Енергијата на умот е всушност суштината на животот! (Аристотел)

Марија Ј. Илијеска


Споделете Ваши искуства по дипломирањето на УКЛО/ Економски факултет - Прилеп

Вработена како Раководител на Експозитура Прилеп во Шпаркасе банка. По дипломирање на Економскиот факултет во Прилеп 2004-2005 се вработив како демонстатор на истиот по пари и банкарство, мегународна економија, банкарски менаџмент, маркетинг, статегиски менаџмнт до 2007-2008 година. Економскиот факултет ни овозможи да посетиме голем број на мегународни конференции со сопствени трудови во земјата и надвор од нејзе.По ова влегов во приватниот сектор во јуни 2008 година и тоа во Стопанска банка АД Скопје како кредитен референт за население се до 2014 година каде што напредував во својата работна кариера се до позиција Раководител на Експозитура. Целокупното искуство стекнато на Економски факултет го искористив  во секојднвното работење со клиентите и колегите. По 6 години работа во СТБ АД Скопје се вработив во АД Шпаркасе банка – Експозитура Прилеп на работно место Раководител на Експозитура.  Благодарение на знаењето постигнато на Економски факултет, посветеноста на професорите и нивниот професинален однос кон студентите допринесе да јас и многу мои колеги се вработиме во приватниот сектор и напредуваме континуирано во нашата кариера. 

Alumni совет

Изборот на секој студент во однос на тоа што ке студира е негова лична определба. Но, сакам да потенцирам дека секогаш со долгогодишното искуство, традицијата, професинализмот и вложувањето во сопствените вработени УКЛО покажал и докажал дека ги има и ке ги има најреномираните студиски програми, одличен професионален кадар и секако производство на квалитетни студенти.

„БИДЕТЕ СВОИ И КЕ ЗНАЕТЕ ШТО Е НАЈДОБАР ИЗБОР ЗА ВАС“

Милан Елисковски


Споделете искуства од студирањето на УКЛО/Економски факултет - Прилеп

Економскиот факултет - Прилеп претставуваше и сеуште претставува институција со висок квалитет од кадровски и технички аспект во рамките на универзитетот "Свети Климент Охридски" Битола. Како таква институција во рамките на битолскиот универзитет, јас немав дилеми каде да го продолжам моето факултетско образование. Економскиот факултет - Прилеп ги исполни моите очекувања и повеќе од тоа. Благодарејќи на посветената работа на професорите и асистентите, лесниот пристап до нив, техничката опременост и секако моето залагање и учење, образованието стекнато на овој факултет ми овозможи одлично разбирање на логиката на економската наука. Сето тоа ми овозможи, после дипломирањето, да добијам меѓународна стипендија и моето понатамошно образование да го продолжам во Велика Британија.

Студирањето на овој факултет ми овозможи пријателство со прекрасни луѓе кои сеуште траат. Скоро сите тие пријатели се вработени и успешно се справуваат со своите професионални обврски.

Споделете Ваши искуства по дипломирањето на УКЛО/ Економски факултет - Прилеп

Работам во Народна банка на Република Македонија како аналитичар I степен во дирекцијата за монетарна политика и истражувања. Мојот ангажман се состои во подготовка на макроекономски анализи, извештаи и истражувања. Претходно, скоро 8 години работев во Стопанска банка АД Скопје, една од најголемите и врвни банки во Македонија. Во Стопанска банка АД Скопје првобитно работев во секторот за управување со ризици, додека потоа имав можност да работам во дирекцијата за економски истражувања. Мојата работа беше аналитичка односно истата се состоеше во подготовка на извештаи и анализи.

Заеднички именител на работата во двете институции е што истата бара стручност со цел да се согледа потенцијалот на различните ризици со кој се соочува банката или економијата во целина, со цел да се преземат соодветни мерки за да се спречи остварувањето на истите. Благодарение на Економскиот факултет - Прилеп, каде започна моето високо образование и градбата на мојата стручност, истата се зголемува во континуитет низ текот на понатамошното образование и секојдневната работа.

Исто така, добитник сум на три истражувачки награди во Македонија и тоа:

  • награда за најдобар истражувачки труд од областа на управувањето со ризици и осигурувањето во Република Македонија, доделена од Агенцијата за супервизија на осигурувањето во 2011 година,
  • награда за најдобар труд од областа на пазарот на хартии до вредност во Република Македонија, доделена од Македонската берза на хартии од вредност во 2012 година и
  • награда за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарските системи, доделена од Народната банка на Република Македонија во 2015 година.

Alumni совет

Студирањето на Економскиот факултет - Прилеп беше една од најдобрите добиени вредности за моите вложени пари, време и напор.

Николче Трајчески


Споделете искуства од студирањето на УКЛО/Економски факултет - Прилеп

Од студиите има позитивни искуства, иако можностите кои сега се нудат на факултетот тогаш не беа толку големи. Имавме прилика да ни предаваат професори кои своите знаења несебично ги вложуваа во тогаш актуелните општествено економски процеси – проценки за приватизација, изготвување на стратегии а разни области и сл.

Нивното знаење, а посебно применето знаење беше мотивација да се запишам на овој факултет и гледам дека не сум погрешил.

Споделете Ваши искуства по дипломирањето на УКЛО/ Економски факултет - Прилеп

Работам во деловна Банка од почетик на моето вработување. Учествував во трансформацијата на платниот промет од ЗПП во деловните банки и по успешно завршената миграција професионално и хиерарскси напреднав во тој сектор од Банката. Понатаму преминав во сектор за кредитирање и финансиска анализа каде ги поминав сите скалила на аналитичар, а сега раководам еден дел од банката за акредитивно и гаранциско работење и го координирам работењето за правни лица за еден дел од Македонија.

Знаењата стекнати на Економскиот факултет во Прилеп исклучително ми помогнаа и ми се потврдија и низ повисоките  степени на образование како во Македонија така и во странство. Пристапот на кој не учеа професорите од факултет за подготвување на испити, анализа на ситуации и настани и нивно поврзување со научните сознанија кон кои се стремиме секојдневно, многу ми помогна и ми помага во професијата.

Магистратурата, обуките за преговарање, мотивација, управување со време, документарни работи, испитите за проценители на компании и тргување со хартии од вредност полесно ги совладував поради добрата основа која ја стекнав на факултетот.

Alumni совет

Силно да се посветат на учењето, до максимум да ја користат можноста да восприемаат искуства и знаења од своите професори и предавачи, да не се задоволуваат само со основната литература за спремање на испитите и да ја бараат и пронајдат каузалноста на сите предмети кои ги студираат за да создадат интегрален сет на применливи економски знаења.

Педагошки факултет - Битола

Весела Богдановиќ


Споделете искуства од студирањето на УКЛО/Педагошки факултет - Битола

Мојата мајка беше наставник по македонски јазик и прекрасен пример за наставник кој неизмерно ја сака и се вложува во својата професија. Често, како малечка, ме носеше со себе во училиштето во кое таа предаваше. Токму во ова исто училиште, ова исто село во кое сега работам и јас и секојдневно се обидувам да бидам пример со  кој и таа најмногу би се гордеела. Пораснав со сликата како мојата мајка планира креативни часови во кои учениците ќе бидат среќни и заинтересирани. Баба ми и дедо ми исто така беа учители. Растаев со нивните приказни за случки од нивното искуство како просветни работници. Јас не се сеќавам дека некогаш су помислила да изберам друга професија освен оваа, која ме врзува со најчистите душички, дечињата.

На Педагошкиот факултет ги стекнав моите најверни пријатели кои до денес и после години остануваат да бидат тука за мене, и јас за нив, во секое време, квалитетни колеги, вљубеници во својата професија, личности со кои и денес искрено и од срце заедно учиме и работиме на својот професионален развој. Верувајте, дури и нашите обични средби за кафе и прошетки умеат да бидат кретивни и инспиративни средби за наши нови соработки, проекти и часови, се за доброто на дечињата со кои работиме, иако работиме во различни училишта. Се сеќавам како да беше вчера, такви бевме и тогаш како студенти, неуморни и вљубени во нашата идна професија. Така, кога на Педагошкиот факултет беше направена училница за работа по програмата „Чекор по чекор“, полна со играчки, работни материјали, малечки масички, токму како занимална за малечки дечиња, ние секој свој слободен миг го помнувавме во неа без никој да го побара тоа од нас. Изработувавме проекти и нагледни средства, ја одржувавме училницата чиста, се грижевме се да биде на свое место. Ние бевме мали а големи забавачиња, влезени во детскиот свет за да дознаеме како е да се биде во него, колку е убаво да се биде таму и задно да откриваме како и што можеме да придонесеме тој свет да биде поубав и функционален за реализација на образовани и воспитни цели. Професорот по филозофија, Ферид Мухиќ, го очекувавме со нетрпение. Неговите прдеавања беа најубавото нешто што се случуваше за време на наставата, дури и тогаш кога тие се одржуваа попладне или во сабота. Професорот своите предавања ги држеше во амфитеатарот затоа што не постоеше друго место кое може да збере толку многу љубопитни студенти. На предавања доаѓаа оние студенти кои го слушаа неговиот предмет како редовен, но и оние кои без никакви обврски, едноставно сакаа да ги слушаат неговите предавања затоа што знаеја дека тие ќе им бидат од полза. „Мотивација“ - тоа е зборот кој најдобро ги опишува овие предавања. Професорот знаеше често да седне на катедра, наместо на столот и да биде секогаш блиску до нас. Така течеше неговиот говор полн со мудрости. Предаваше знаење и вештини на толку разбирлив и толку искрен начин. Од него видов, научив, посакав и јас да бидам учителка која не обрнува внимание на столот понуден за седење. И навистина, станав учителка која секогаш се наоѓа помеѓу своите ученици, на масичка, на под, на тревата или на асфалтот, на игралиштето, учителка која сеуште е дете што се радува додека ја креира својата креативна училница заедно со дечињата и бара решенија наместо изговори за креирање на ресурси и часови кои одговараат на детските потреби и интереси.

Споделете Ваши искуства по дипломирањето на УКЛО/Педагошки факултет - Битола

Живеам во Битола и веќе 14 години секојдневно патувам до могилското село Ивањевци кое се наоѓа на 26 км оддалеченост од мојот град. Со огромна љубов и максимална посветеност, работниот ден го поминувам со најмалечките дечиња од ова село. Нашата училница е наш магичен свет на бајки и приказни, свет кој заедно со дечињата го креираме низ игра и креативни активности, секојдневно. Природната околина во селото е место во кое често изведуваме истражувачки активности и настава во природни услови. Со скромни средства, одвоени од платата, со пренамена на природни и отпадни материјали, изработуваме наши нагледни средства и ресурси за работа. Нашата шарена училница е како отворен прозорец во секое време, за секого. Наставници од секаде, студенти, родители, дечиња кои растат во селата каде нама градинки, но и дечиња од градовите ширум нашата земја и пошироко, секојдневно  ги следат нашите снимени активности. Над 200 едукативни филмови, работни лостови, нови математички приказни, достапни се сосема бесплатно на моите веб страни, You Tube, Viemo i Schoool Tube каналот.  Секојдневно се обидувам да задоволам две детски потреби. Потребата за игра и потребата за следење на современата технологија која во функција на образовни цели. Дечињата се мои малечки, а големи партнери, колеги,  креатори на наставниот процес. Едноставно, ги слушам нивните желби, ги следам нивните детски потреби за игра, ги прашувам за совети кога подготвувам активности затоа што открив дека децата се непресушен извор на идеи и богата енциколопедија на насоки за тоа како треба да изгледа работата на учителот за да биде масимално продукативна. После 14 години работа со оваа доверба кон нив, сигурна сум дека не постои пишувана книга, методика или научен труд кој ќе може на наставникот подобро да му го покаже патот кон успешна работа, од самите дечиња кои умеат да ја шепнат своја желба на учителката која е нивен другар, рамноправен партнер во нивните игри. „Учиме низ игра“ - тоа е нашето мото. Имаме многу драмски активности низ сите наставни предмети. Еден ден се престоруваме како штрумфови кои решаваат математички задачи за да стигнат до езерото со магични топчиња.  За среќа, токму тие топчиња не се само имагинација туку се опиплива реалност со која децата вежбаат вежби за развој на ситната моторика, пресметуваат, бројат, споредуваат. Следниот ден твориме нова приказна со комбинација на различни ликови од познатите бајки, цртани филмови и приказни. На нашите масички оживуваат театарски сцени од обоен кокос наместо зелена трева, брашно во улога на магла или снег... Вежбаме да пишуваме и читаме со помош на кралски писма, преоблечени како кралеви и принцези. Составуваме реченици и математички изрази од зборови скриени во пена за бричење.. Другарство, соработка, толеранција, взаемно помагање...Тоа се вредностите кои секојдневно, од првиот школски ден, се обидувам  да ги развијам кај дечињата. Исто така, соработувам со голем број на колеги преку социјалните мрежи и мојата страна на фејсбук. И навистина, можам да кажам дека нашата земја има квалитетен наставен кадар со кој може да се гордее. Себеси се доживувам како една од нив, која има храброст да излегува надвор од вообичаените рамки на работа и да го презенетира својот труд како амбасадор на нашата земја и нашето образование секогаш и секаде каде за тоа ќе се укаже прилика:

Во 2015 година, во конкуренција од илјадници едукатори од над 150 земји од светот, избрана сум за една од 50 најдобри едукатори во светот а денес сум Варки Амбасадор за образование кој со гордост ја застапува наставничката професија и работи на полето за враќање на угледот на просветните работници.

Од 2014 сум автор и организатор на КРЕФ, Меѓународен фестивал на едукативни филмови, акредитиран од страна на Министерство за култура и Министерство за образование, наука и технолошки равој на Србија, а од неодамна акредитиран и на листата на Европски едукативни фестивали.

Ко-автор и ко-организатор сум на „Пријатели на Образованието“, меѓународна конференција за едукатори која се одржува од 2015 година па наваму.

Автор сум на четири веб страници и на видео канал со над 200 едукативни филмови.

Организатор сум на Меѓународниот проект „Ноќ со Андерсен“, кој е одобрен од Министерсвото за култура на Македонија и Министерство за култура на Чешка.

Ментор сум на заедници за учење во проект на УСАИД.

Обучувач сум на наставници во сите компоненти на прокетот на УСАИД „Со читање до лидерство“.

Соработник сум на „Креативна Србија“ и меѓународниот фестивал „Креативна магија“.

Стручен консултатнт сум на компанијата „Арлон“ од Шпанија, во полето на изработка на дигитални образовани игри.

Избрана сум за Микрософт Експерт едукатор за 2014 и сум државен претставник на РМ на меѓународниот форум во Барселона.

Како педагошки консултант во „Вортекс Медиа“, помагам во изработката на образовен софтвер за рано учење.

Учесник сум во стручно жири од повеќе области за време на државни и меѓународни натпревари во соседна Србија.

Автор сум на проектот „Магична земја на бајките и приказните“.

Во периодот од 2013 до 2016 повеќе пати сум прогласувана за личност на годината од областа на образованието, од страна на повеќе портали, институции, весници и здруженија.

Избрана сум за инспиративна жена на годината од Америчката амбасада во Македонија.

Alumni совет

„Логиката може да не одведе од точка А до точка Б, а фантазијата и креативноста можат да не одведат каде и да посакаме“. Затоа, бидете креативни, ведри, срдечни и насмеани мали, а големи дечиња кои слушаат, гледаат и насетуваат што е добро за дечињата кои растат околу нив... Бидете нивни партнери, партнери кои од срце се внесуваат во креирање на часовите, почитувајќи ги и искористувајќи ги искрените детски идеи, богати со иновативност, како најдобар патоказ. „Кои навики ќе ги стекнат децата и дали тие ќе научат да го сакаат учењето, најмногу зависи од тоа на што биле изложувани во раното детство“. Затоа, оваа професија се бира со срцето. Од нас учителите зависи радоста и успехот во животот на идните генерации.

Весна Стојановска


Споделете искуства од студирањето на УКЛО/Педагошки факултет - Битола

Зошто избрав да студирам на Педагошки факултет? Клучниот одговор е што тоа е работа преку која индивидуата има можност позитивно да влијае на животот на децата и младите. Зошто да се избере Педагошкиот факултет во Битола? Затоа што има долга образовна традиција. Сите изминати години, а тоа се полни 53 години, уште од времето на Педагошката академија, бројни наставници и просветни работници од нашиот град (Битола)се оспособиле за работа во основните училишта, токму на оваа институција. Компаративна предност на оваа институција се и разновидните студиски програми како на додипломски, така и мастер студии, а основани се и првите Докторски студии по Образовни науки и Надареност и талентираност во Република Македонија.

Најубавите спомени поврзани со студирањето доаѓаат од вклучувањето во реалната настава, односно педагошката пракса. Квалитетната соработка со воспитно-образовните институции овозможи да се здобиеме со додатни практични знаења и способности. Meѓу нив особено се драгоцени сеќавањата од педагошката пракса реализирана во руралните средини, односно комбинирани паралелки, коишто се одликуваат со многу специфичности, но и можности за развивање на самостојност и креативност кај учениците.

Споделете Ваши искуства по дипломирањето на УКЛО/Педагошки факултет - Битола

Во овие тешки, често и беспоштедни услови на пазарот на трудот, успеав да пронајдам соодветен работен ангажман на Приватната Високо стручна школа Бизнис Академија Смилевски, што е успех за моите намери и желби да се занимавам со педагошка работа. Секој успешно одржан час, секој задоволен студент е голема награда сама по себе. Но едно од позначајните постигнувања, покрај завршувањето на третиот циклус на студии е секако признанието за најдобро дипломиран студент во генерацијата 2008/09 што беше мотив за понатамошни успеси и постигнувања. 

Alumni совет

Наставничката професија  е споменувана постојано како една од најважните професии во општеството. Но Вие, идните наставници, не ја доживувајте само како професија, туку гледајте на неа како на прилика, не само да им пренесувате знаења на децата, туку и да ги инспирирате, да им давате можност за позитивна лична трансформација. Вашите намери секогаш нека бидат човечки и доблесни и во духот на педагошката наука. Само така, успехот нема да изостане.

Душко Талевски


Споделете искуства од студирањето на УКЛО/Педагошки факултет - Битола

Се запишав на Педагошки факултет бидејќи неколку години пред тоа решив да студирам јазици. Во тој период, Педагошкиот  факултет во Битола отвори нова студиска програма за англиски јазик и тоа ми го олесна изборот. За време на сите четири години поминати на Педагошкиот факултет секојдневно бев опкружен со истомисленици со коишто беше задоволство да се споделува знаење и искуства со крајна цел полесно усвојување на англискиот јазик. Наставниот кадар исто така беше составен од професори кои умееја да ја негуваат желбата и мотивацијата за стекнување на знаење кај своите студенти. 

Споделете Ваши искуства по дипломирањето на УКЛО/Педагошки факултет - Битола

Моментално сум вработен како писател во IT компанија. Мојата главна работна задача е пишување на маркетиншки текстови за веб страници. Во минатото, исто така, сум работел и како наставник по англиски јазик во Македонија и во странство. По дипломирањето, започнав да патувам низ Европа како учесник во разни волонтерски проекти. Откако се вратив во Македонија, се запишав на постдипломски студии на Педагошки факултет - Битола на студиската програма Англиски јазик.

Alumni совет

На сегашните и идните студенти на УКЛО им препорачувам безрезервно да се посветат на своите  студии и да ја стават својата доверба во рацете на наставниот кадар на УКЛО бидејќи универзитетот е место каде младите луѓе зачекоруваат по свој пат во животот. Исто така, им препорачувам да уживаат во секој момент поминат со нивните колеги и професори бидејќи пријателствата кои се раѓаат за време на студиите остануваат трајно и тешко се раскинуваат.

Марија Мерковска


Споделете искуства од студирањето на УКЛО/Педагошки факултет - Битола

Огромната желба да студирам јазици и љубовта и посветеноста во работата со деца, беа двете главни компоненти во мојата одлука да се запишам на Педагошки факултет и да ги искористам можностите кои ги нуди оваа високообразовна институција.

Професорите кои работат на Педагошки факултет користат различни методи и форми на предавање и полагање, со што го подигаат квалитетот на студентите кои дипломираат на овој Факултет и истите имаат голема соработка и комуникација со студентите и посветуваат големо внимание на нивниот личен развој. Ова ме мотивира да го продолжам своето образование на истиот Факултет и да изберам ментор што е експерт во областа на јазикот и постојано ми дава поддршка во моето надоградување и професионално усовршување.

Од моето искуство како студент, можам да ја издвојам соработката со колегите, можноста да учествувам во креирање на истражувачки трудови, како и практичната работа што беше големо предизвикувачко искуство, но за мене беше најубавото и најпродуктивното време поминато со колегите, менторите и професорите.

Споделете Ваши искуства по дипломирањето на УКЛО/Педагошки факултет - Битола

Додека ги привршував студиите на Педагошки факултет имав шанса да волонтирам во Младински културен центар – Битола и да стекнам вештини и способности за работа со млади и работа во граѓанска организација. По дипломирањето се вработив во истата организација како проектен асистент и работам на различни проекти што главно се однесуваат на младинска работа, волонтерство и младински активизам. Во меѓувреме, се запишав на постдипломски студии на Педагошки факултет на насоката Македонски јазик и во моментов го подготвувам магистерскиот труд.

Во целата моја досегашна работа со млади, комбинирам методи од формално и неформално образование и сметам дека со ваквата комбинација успешно го пренесувам своето знаење и искуство на корисниците на програмите и активностите кои ги водам. Практичната работа што ја спроведував за време на студирањето играше голема улога за мојата определба да предавам на семинари, тренинзи и обуки во неформалното образование, како и во мојот развој во наставник и предавач.

Покрај можноста да можам самостојно да координирам проекти со млади, да соработувам со многу организации во Македонија и странство, меѓу кои и Мисијата на ОБСЕ во Скопје,  како најголеми достигнувања што ги имам постигнато се изборот за најдобар студент на Педагошки факултет за академската 2012/2013 година, членството во управен одбор на Сојуз за младинска работа и членството во Совет на млади – Битола.

Alumni совет

На сегашните и идните студенти би им порачала да го искористат максимално времето за студирање и  да соберат што е можно повеќе знаење од професорите, да ги искористат шансите за мобилност на студенти кои ги имаат преку програмите Erasmus+ со што би имале шанса да споделат искуства со други студенти во странство, како и максимално да вложат во практичната работа што ќе ја изведуваат, затоа што тоа е една од најважните елементи на студирањето на Педагошки факултет и тоа е можност да го покажат она што го научиле за време на студирањето, да ги совладаат нивните стравови од предавање пред група на деца во училница, да можат ефективно и ефикасно да го организираат часот и методите за работа, а со сето тоа да придонесат кон сопствениот развој и да станат идни квалитетни педагози во Македонија.

Факулет за безбедност - Скопје

Васе Русуманов


Споделете искуства од студирањето на УКЛО/Факулет за  безбедност - Скопје

Уште од мали нозе желбата за работење во безбедносните структури на Република Македонија допринесе да размислувам која од високообразовните институции ќе може да ми овозможи квалитетно образование од кое ќе се стекнам со знаења и вештини и ќе бидам квалификуван кадар за работа токму во таквите институции во РМ.

Разгледувајќи ги предметните програми, наставниот кадар, правејќи муабет со студенти кои студираат или студирале на Факултетот за безбедност – Скопје, одлучив дека таа е вистинската високообразовна институција во која треба да го продолжам моето образование, за што и не згрешив туку напротив, среќен сум што сум го направил вистинскиот избор.

Факултетот за безбедност – Скопје нуди квалитетно образование, професори и друг наставен кадар кои се со богато искуство, врвни теоретичари и практичари кои се докажале во нивното поле на интерес и кои несебично нивното знаење го пренесуваа на нас студентите.

Самата предметна програма е така концепирана да нуди огромно практично искуство во текот на студирањето, кое ни е од огромно значење при нашето вработување во безбедносните структури на Република Македонија.

Споделете Ваши искуства по дипломирањето на УКЛО/ Факултет  за безбедност - Скопје

Додека бев студент на Факултетот за безбедност – Скопје бев избран за Претседател на Студентски Парламент при Факултет за безбедност – Скопје, која функција ми даде понатаму искуство, мотив и желба да отвориме здружение кое ќе се занимава со истражување на безбедносните појави, организирање на конференции, обуки, тркалезни маси, семинари итн.

Сето горенаведено допринесе да се формира здружението “Истражувачки центар за безбедност, одбрана и мир” – Скопје, кое беше формирано од студенти кои студираат или студирале на Факултетот за безбедност – Скопје, а како претседател на истото бев предложен и избран јас.

Можам да кажам дека залагањето и работата на членовите на Истражувачкиот центар за безбедност, одбрана и мир – Скопје вроди со неочекувани резултати реализирајќи многу успешни меѓународни конференции, обуки, семинари итн.

Вработен сум во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, член сум на Македонскиот полициски синдикат (МПС) и член на Меѓународната полициска асоцијација (ИПА).

Alumni совет

Јас го продолжив и вториот циклус на студии на Факултетот за безбедност – Скопје.

Направете го вистинскиот избор, студирајте на УКЛО!

Елена Димовска


Споделете искуства од студирањето на УКЛО/Факулет за  безбедност - Скопје

Безбедноста и безбедносните служби од секогаш ми биле предмет на интерес. Запишав Факултет за безбедност со желба да работам во областа на безбедноста. Додипломските студии во глобала ги исполнија моите очекувања. Интерактивните предавања, практичните вежби и посетата на институции го направија студирањето динамично и интересно. Мојата посветеност на студиите резултираше да бидам прогласена за најдобар студент на генерацијата.

Споделете Ваши искуства по дипломирањето на УКЛО/ Факултет  за безбедност - Скопје

Веднаш по дипломирањето бев ангажирана како соработник за изведување на вежбите на Катедрата за општествено политички и правни науки, на Факултетот за безбедност- Скопје. На истата позиција работам веќе 4 години. Во меѓувреме запишав и магистерски студии на истиот факултет, а моментално работам на мојот магистерски труд. Постојано вложувам во мојот личен и професионален развој, па затоа неретко земам активно учество на разни меѓународни и национални тренинзи, конференции, семинари и летни школи кои покриваат разни општествени теми.

Alumni совет

Учете, истражувајте, преземајте ризици, експериментирајте, забавувајте се. Бидете пример!

Љупчо Петровски


Споделете искуства од студирањето на УКЛО/Факулет за  безбедност - Скопје

Го избрав Факултетот за безбедност во Скопје  бидејќи верував дека истиот со своите студиски програми ќе ми помогни да се стекнам со знаење од областа на безбедноста, да се едуцирам и усовршам во насока на поуспешно, попрофесионално и постручно извршување на работните задачи во областа во која работам. Сум сметал и сеуште сметам дека овај факултет е најсоодветен и најрелевантен во полициската работа. Од студиите на овај факултет генерално имам само позитивни искуства бидејќи запознав професори со огромно искуство и знаење кое несебично го споделија со нас во текот на студирањето, но запознав и колеги со кои понатаму би можел да соработувам и во рамките на службата. Генерално моите очекувања се исполнија и сметам дека со завршувањето на студиите се стекнав со една солидна теоретска основа која многу ми помага во извршувањето на работните обврски.

Споделете Ваши искуства по дипломирањето на УКЛО/ Факултет  за безбедност - Скопје

Како полициски службеник започнав да работам во 2001г во редовите на единицата за специјални работи „Тигар“ во Скопје каде се стекнав со огромно искуство во извршување на сложени и специфични задачи од висок ризик.

Понатаму професијата по мое барање ја продолжив во Битола како полицаец во Посебната единица на полицијата и во цивилната единица „Алфи“ од каде сум унапреден како помлад инспектор во отсек за недозволена трговија со дрога и оружје каде работев две години.

Моето последно прераспоредување е на работно место  инспектор во отсек за општ криминал кадешто сеуште работам и по завршуввањето на студиите на Факултетот за безбедност.

Alumni совет

Со оглед  дека се одлучиле да студираат на овај факултет, да се потрудат во периодот на студиите да се стекнат со што е можно повеќе знаење од областа на безбедносните науки, да бидат трудољубиви, трпеливи и истрајни во текот на нивното оспобување како идни криминалисти.  Би им посакал откако ќе се стекнат со статусот на дипломирани криминалисти, стекнатото знаење кое со нив го споделиле нивните професори во текот на студиите, да го искористат на најдобар можен начин а тоа е во редовите на полицијата вршејќи ја полициската работа онака како што им е претставена на овај факултет.

Назли Асанова


Споделете искуства од студирањето на УКЛО/Факулет за  безбедност - Скопје

Факултетот за безбедност беше мојата одлука за избор од причина што бев убедена дека таму од страна на стручниот персонал и професори моите знаења и вештини ќе бидат унапредени и насочени во правилна насока. Исто така и дека по завршувањето ќе ми се отвори можност за вработување во нашата земја. Во текот на студиите стекнав нови познанства, соработки и дружење со колеги од целата држава.

Споделете Ваши искуства по дипломирањето на УКЛО/ Факултет  за безбедност - Скопје

Моментално работам во Министерството за одбрана, Подрачна Единица Штип и ја извршувам должноста помлад соработник за подготовки во одбраната. Редовно се надградувам со присуство на семинари, конференции и слични активности во државата.

Alumni совет

На сегашните а посебно на идните студенти кои ке се одлучат да бидат дел од УКЛО им препорачака дека тоа е место каде што ќе можат да си обезбедат стипендии за полесно понатамошно образование, ќе имат можност да учествуваат на разни натпревари, манифестации и културни активности во државата и странство, со што ќе имат поголем мотив да го дадат својот максимален учинок во своето едуцирање и постигнат големи успеси во понатамошниот живот. На УКЛО ке пронајдат квалитетен и стручен кадар кој безрезервно ќе ги споделат нивните знаења и искуства. УКЛО е место каде што едностано, внимателно е осмислен студискиот програм кој студентот го става во постојано активност.

Иван Ристов


Споделете искуства од студирањето на УКЛО/Факулет за  безбедност - Скопје

Факултетот за безбедност – Скопје за прв пат е формиран во 1977 година во состав на Центар за обука на кадри за безбедност и општествена самозаштита (ЦОКБОС) како единствена високообразовна институција на територијата на поранешна Југославија која произведува кадри за потребите на полицијата. Издржано е да се каже дека Факултетот за Безбедност - Скопје е најдобра институција во Р.Македонија но и пошироко на Балканот и Европа каде може да се стекне квалитетно знаење од областа на безбедноста, во најширока смисла на зборот. Факултетот поседува бројна и квалитетна литература од областа на криминалистиката, област (освен форензиката како дел од криминалистиката) која е многу слабо научно третирана во западно европските земји. Овој факт и големата желба за стекнување на знаења од областа на безбедноста се основните мотиви за да го започнам моето образование на ФБ-С.

Споделете Ваши искуства по дипломирањето на УКЛО/ Факултет  за безбедност - Скопје

- Четиригодишните студии на Факултетот за безбедност – Скопје ги завршив предвремено за три (3) академски години со просек од 9.85 и бев прогласен за најдобар студент на Факултетот за Безбедност -Скопје, стекнувајќи се со академска титула ,,Дипломиран криминалист (безбедносна насока).

- На 12.03.2013 година го одбранив магистерскиот труд со наслов Феноменолошки карактеристики на криумчарењето и недозволената трговија со оружје, муниција и експлозиви на територијата на Република Македонија во периодот 2001 - 2010 година“, со што се стекнав со академска титула „М-р по криминалистика“

- Студент на III–циклус академски (докторски) студии; (Докторанд). 10,00 просек на положени предмети на докторски студии.

- Во академските 2014/2015 и 2015/2016 година бев ангажиран како Помошник за изведување на вежби на „Катедрата за полициски науки“ (во 2015 година (зимски семестар) и по два предмети на „Катедрата за криминалистички науки“) при Факултетот за безбедност - Скопје, каде ми беше доверена одговорна задача за изведување на вежбите по предметите: Вовед во полициски науки; Вовед во криминалистика; Криминалистичка тактика 1; Полиција и јавност; Полициска етика со деонтологија; Справување со конфликти; Методика на истражување на организиран криминал; Интегрирано гранично управување и Полициски менаџмент. 

- Од 01.09.2016 година вработен во МВР.

Alumni совет

Имајте храброст да го следите вашиот инстинкт, вашето срце и желба. Вашето време во оваа димензија е ограничено. Гледајте на неуспесите како составен дел од животот. Секогаш продолжувајте напред. Покажете најмногу храброст кога времињата ќе бидат тешки. Џорџ Орвел рекол: „Да се биде идеолошки исправен значи да не се мисли – да нема потреба да се размислува. Исправноста е несвесност.“ Затоа, размислувајте. Мислете се дури и тоа не е забрането. Запомнете, вие сеуште сте господар на сопствените мисли.

Гоце Аризанкоски


Споделете искуства од студирањето на УКЛО/Факулет за  безбедност - Скопје

Го избрав Факултетот за безбедност како логички исход на континуираната потреба од стекнувања на знаења од областа на безбедноста, како поранешен ученик во Средното полициски училиште “Елисие Поповски - Марко”.

Во делот на искуствата, има повеќе придобивки, но една од клучните е – стекнувањето на методолошки знаења што ми овозможија да бидам автор на повеќе научни трудови.

Споделете Ваши искуства по дипломирањето на УКЛО/ Факултет  за безбедност - Скопје

После завршувањето на Средното полициско училиште „Елисие Поповски - Марко”, полицискиот работен процес го започнав како полицаец – позорникар, паралелно и припадник на Посебната единица на полиција; оперативец и инспектор во Управата за безбедност и контраразување; в.д началник во една организациска единица во Управата за безбедност и контраразузнавање; аналитичар во Сектор за стратешка анализа во Управата за безбедност и контраразузнавање.

Alumni совет

Континуирано и доживотно учење, со определба - наученото да се разбере, за да може да се примени.

Емилија Велкоска


Споделете искуства од студирањето на УКЛО/Факулет за  безбедност - Скопје

Го одбрав факултетот за безбедност во Скопје, бидејќи имав завршено средно полициско училиште и во периодот кога сакав да го запишам овој факултет беше во мирување и кога беше организирана првата генерација за постдипломски студии бев заинтересирана и се запишав. Искуствата кои ги стекнав беа одлични бидејќи професорите теоријата ја пренесуваа интерактивно со моменти и искуствата од работењето а исто така и со моето работење во Министерството за внатрешни работи се добив големо искуство а теоријата е надополнување. Теоријата со праксата е најдобрата комбинација.

Споделете Ваши искуства по дипломирањето на УКЛО/ Факултет  за безбедност - Скопје

Јас сум вработена во ПС Прилеп, НККР – Општ криминал на работно место Инспектор за малолетничка деликвенција и семејно насилство. Мојот професионален пат започна како полицаец во ПС за БПС во Прилеп, потоа работен пријавно одјавна служба, Инспекор во Општ криминал, Деташиран советник во Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, Инспектор за увиди на место на настан. Имам поминато многу обуки, работилници, семинари и сл.  За жал звањето Магистер кое го стекнав на Факултетот за безбедност и за кое јас лично многу се гордеам во МВР на РМ нема никако значење и нема некаква предност. Сум аплицирала на многу работни позиции каде што се бараат 300 кредити а јас ги исполнував тие услови но за жал со  негативен крај.

Alumni совет

Сакам да им порачам на сегашните и идните студенти да не се откажуваат, само со голема упорност и труд до замислената цел. Исто така мислам и ценам дека вложениот труд и професионалноста еден ден ќе бидат ценети во оваа држава и секој ќе си го најде местото кое го заслужува.

Правен факултет - Кичево

Катерина Попоска

Споделете искуства од студирањето на УКЛО/Правен факултет - Кичево

Мојот избор на  Правниот факултет Кичево беше заради  градот во којшто живеам како и заради убавите зборови кои ги имав слушнато по однос на вработените, нивната стручност и професионалност, транспарентноста и кооперативноста, отвореноста за соработка и можноста за стекнување на нови знаења кај предавачите односно професорите.

Споделете Ваши искуства по дипломирањето на УКЛО/Правен факултет - Кичево

Додека студирав на Правниот факултет во Кичево работев кај адвокат во Кичево, а веднаш по завршување на втор циилус  студии се вработив како Помошник Координатор за правни и општи работи во АД ЕЛЕМ Скопје Дирекција, каде и во моментов работам . Сметам дека на Правниот факултет Кичево се стекнав со доволно знаења што можам да ги употребам во работата.

Alumni совет

Да се запишат на фаултетот каде се стекнуваат со добри знаења и имаат можност за комуникација како со вработените така и со професорите во текот на целата студиска година.

Драге Павлески

Споделете искуства од студирањето на УКЛО/Правен факултет - Кичево

Го избрав Правниот факултет од причина што правните науки се со широка примена и ви даваат  големи можности во животот ! Имам преубави искуства и случки но овај простор е мал сите да ги набројам!

Споделете Ваши искуства по дипломирањето на УКЛО/Правен факултет - Кичево

Работам во ЈП „Македонски шуми“ Скопје , ПШС „Лопушник“-Кичево како Советник за административно-правни работи и раководење со човечки ресурси. Во претпријатието сум скоро 30 години и во тој период ,неколку пати сум прераспоредуван , секогаш на повисоко работно место а со дипломирањето на Правниот факултет по само една година го добив последното работно место за кое ми беше потребна диплома за  завршен Правен факултет која диплома ја стекнав на Вашиот факултет.

Alumni совет

Студирајте на Правен факултет – Кичево, нема да згрешите !!!!!

Марија Чурлиновска

Споделете искуства од студирањето на УКЛО/Правен факултет - Битола

Интерес от кон општествените науки а особено кон правото уште во текот на средно образование како и мојата наклонетост кон активности кои вклучуваат интеракции и јавни излагања, беа пресудни во четврта година- средно да донесам одлука своето понатамошно обарозавние да го продолжам на правен факултет. Особено бев среќна кога истата таа година се отвори Правниот факултет Кичево дисперзирани студии Битола и можноста да си го остварам својот сон ми стана уште поблиска. Исто така од особено значење за мене е тоа што бев студент на првата генерација кој сосема случајно го доби и индекост со број 01. Целокупниот процес на студии за мене беше едно многу убаво искуство пред се заради достапноста на професорите и на сите асистенти кои сега на мое големо задоволство се веќе и професори. Успехот во текот на студиите ми помогна со првиот објавен конкурс за демонстратори од голем број пријавени кандидати, да бидам избрана за демонстратор , во прва година по предметото Социјална патологија, а потоа и за предметот Човекови права. Навистина е големо искуство да се застане пред група студенти и да се успее да се задржи нивното внимание на предметниот проблем. Вториот циклус студии го продолжив  на меѓународно право кое навистина беше едно од полињата за кое мислев  понатаму да го продолжам своето истражување. А од особено значење за овој циклус на стидии беше начинот на којшто се одвиваше полагањето бидејќи дури тогаш имавме вистинска можност да ја покажеме  моќта на усменото изразување.

Споделете Ваши искуства по дипломирањето на УКЛО/Правен факултет - Битола

Уште во текот на вториот цикулус на студии решив паралелно да започнам да волонтирам во Основното јавно обвинителство Битола. Уште првиот месец од моето волонитрање започнав многу темелно  да ги опсервирам проблемите како од теоретски така и од практичен аспект и можам да речам дека комплетно се пронајдов во казнено правната материја. Како што минуваше времето се повеќе навлегував во казнено правните лавиринти, а од особено значење за мене беше тоа што секогаш и несебично  ми се пружаше   стручна помош. Се пријавив на  првиот објавен конкурс за местото на кое  моментално работам  и за моја голема среќа бев примена во звање помлад соработник по казнено право.  После тоа го положив и правосудниот испит и можам да кажам дека секој ден работеќи практични проблеми успевам да се надоградам и дека сум вљубена во својата работа.

Alumni совет

Да веруваат во себе, неуморно да учат и да сфатат дека достигнување на една зацртана цел  значи многу посветеност а секој пад кон нејзиното достигнување да го сфатат како повторно дадена можност да си ја поправата својата  грешка.

Никола Петровски


Споделете искуства од студирањето на УКЛО/Правен факултет – Кичево и дисперзирани студии во Битола и Струга

Битола има долга традиција да создава правници кои со својата експертиза придонеле во развојот на правната пракса и правото како наука. Во годината кога се запишувавме на факултет се зборуваше дека „повторно ќе го отворат Правниот факултет во Битола“. Ја искористив приликата и мислам дека донесов правилна одлука. Добар момент беше тоа што како прва генерација бевме консултирани околу многу работи – распореди за предавања, вежби, колоквиуми и испити, се со цел да имаме доволно време за учење и да го постигнеме резултатот кој го посакуваме. Но и да се воспостави начин на работа соодветен на условите, за којшто мислам дека сеуште функционира.

Споделете Ваши искуства по дипломирањето на УКЛО/ Правен факултет – Кичево и дисперзирани студии во Битола и Струга

Во четврта година од студирањето заедно со неколку мои колеги бевме ангажирани како демонстратори и може да се каже дека тоа беше огромен поттик за сите нас, но и искуство. Во текот на студирањето, покрај формалното образование бев активен и во граѓанскиот сектор и почнав да се интересирам за другиот дел, неформалното образование. Во 2013 год ја формиравме студентската група Студенти за слобода – Македонија, како дел од мрежата Европски студенти за слобода. Заедно со студентите работевме на превод на книги, организиравме форуми и други настани каде покрај дружењето учевме нови работи надвор од она што се учело на факултет. Искуството со кое се стекнував додека бев ангажиран како демонстратор ми помогна од блиску да ги забележам потребите, интересите и предизвиците со кои се соочуваат младите. Сите тие активности во текот на студирањето - обуките, школите, конференциите, тренинзите и сл. ме доведоа до она што го работам денес, а повторно е поврзано со едукација и ангажирање на младите. 

Alumni совет

Животното искуство и знаењето кое ќе го стекнете како студенти не можете да ги пресметате со бодови и да го сведете на просечна оцена.

Јасмина Џаку


Споделете искуства од студирањето на УКЛО/Правен факултет - Кичево

На Универзитетот Св. Климент Охридски се одлучив да студирам од две главни причини:

-Прва основна причина беше можноста за стекнување со знаење и диплома од државен факултет бидејќи знаењето и вредноста на дипломата од приватните факултети не може да се споредуваат со оние на државните

-Втората причина зошто се одлучив да студирам на овој Универзитет  е поради тоа што најдобро реномираните професори предаваат токму на овие факултетиа нивното знаење и професионални искуства најдобро ги предаваат на студентите на овој Универзитет.

Споделете Ваши искуства по дипломирањето на УКЛО/Правен факултет - Кичево

По дипломирањето на Правниот факултет –Кичево се вработив во Управата за матично работење-Подрачна канцеларија – Охрид.

Познавањето на теоретскиот дел од правото, поконкретно познавањето на наследното право, законот за Семејство, законот за општа управна постапка, законот за матично работење, законот за државјанство и ред други закони кои ми помогнаа полесно и побрзо да ги совладам работните обврски кои се однесуваат на составување смртовница за оставинска постапка, запишување на новороденче, евидентирање на починати лица и сл.

Следно, со магистратурата се надевам на повисоко работно место и повисоки животни достигнувања на личен и професионален план

Alumni совет

Би ги советувала студирањето да го сфатат како сериозен патоказ и пропусница за подобар живот , а не само како здобиен статус на личноста во ова општество, затоа што студирањето овозможува проширување на хоризонтите во секоја општествена сфера, надоградување на личноста и оформување на поцврст и постабилен карактер.

Би ги советувала да дадат се од себе за да се стекнат со дипломата која ќе им отвори многу врати и која ќе ги подигне на едно повисоко академнско ниво во ова општество, да бидат поамбициозни и не да престанат со додипломските студии, туку да се обидат да се надоградат себе си со следните нивоа на академски достигнувања, бидејќи она што можеш за себе да го направиш е највредното нешто што си можел да го направиш во животот воопшто.

Висока Медицинска Школа – Битола

Оливера Гареска

Споделете искуства од студирањето на УКЛО/ВИСОКА МЕДИЦИНСКА ШКОЛА БИТОЛА

Желбата за помагање, лекување и грижа на болните и изнемоштени лица беше една од моите цели за кои одбрав да учам и да се образувам. Секојдневните предавања и практични вежби од страна на професорите, асистентите и демонстраторите беа уште посилен мотив за продолжување и усовршување на учењето и знаењето. Сето тоа преку предавања и практични вежби  ни го претставуваа на полесен и подостапен начин нам  студентите. Вежбите што се одвиваа во одделенијата во Клиничката болница, Здравствениот дом како и во други здравствени установи се незаборавни искуства, како и запознавање со примарната, секундарната и терциерната здравствена заштита.

Споделете Ваши искуства по дипломирањето на УКЛО/Висока медицинска школа - Битола

По моето дипломирање на Високата медицинска школа, го продолжив образованието со запишување на Специјалистичките студии од областа на Семејното здравје и патронажна грижа во траење од 12 месеци. По дипломирањето, почнав да волонтирам и се стекнав со волонтерска пракса во рок од 2 години на Интерното одделение при Клиничка болница Битола каде што до денеска работам како медицинска сестра. Со завршување на Специјалистичките студии се стекнав со четиригодишно образование и ги проширив знаењата и искуствата, како и успесите на професионален план со тоа што станав демонстратор за вежби на студентите на Високата медицинска школа по предметот Интерна медицина со нега.

Alumni совет

Професијата што сте ја одбрале да ја учите треба да Ви претствува задоволство и да ја работите со љубов за да можете да се покажете како личност во најдобро светло и да сте задоволни како на личен така и на професионален план.


Scroll to Top